7.8 C
Скопје
20:13 - 11 март, 2026

Принц Хари ја обвини монархијата за прислушување на неговиот телефон: „Ми стана јасно во последниве години“

Принцот Хари го обвини кралското семејство дека ги крие информациите за прислушувањето на неговиот телефон од News Group Newspapers (NGN).

Војводата од Сасекс пристигна во Лондон за да учествува во судскиот процес против британскиот издавач Associated Newspapers, поточно против весникот Дејли меил.

„Институтот (Монархијата) без сомнение долго време ги криеше информациите од мене за прислушување на телефонот NGN, а тоа стана јасно дури во последните години, кога поднесов сопствена тужба, користејќи различни правни совети и застапување“, го цитира принцот Хари ТВ каналот Sky News.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Family (@royal_family_history)

Во почетокот на 2023 година, во своите мемоари Резерва (The Spare), војводата од Сасекс призна дека по смртта на неговата мајка, принцезата Дијана, тој „многу пиел“ и пробал голем број тешки дроги што го менуваат умот, вклучувајќи кокаин и халуциногени печурки. Неговите откритија би можеле да го доведат принцот Хари во тешка позиција, според правниот експерт и поранешен федерален обвинител Неама Рахмани.

Судскиот процес во кој учествува Хари против британскиот таблоид се уште трае. Пристигнувањето на Хари во Лондон, кое беше непознато за јавноста – токму затоа и неочекувано, се случува само неколку недели пред крунисувањето на Чарлс Трети. Се уште не е потврдено дали Хари и Меган ќе присуствуваат на крунисувањето на 6 мај.

Појавувањето во јавност на принц Хари и Меган Маркл ќе биде ограничено на крунисувањето (ако присуствуваат)

 

Слични објави

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо
Се вчитува....