12:54 - 5 декември, 2025

Хари и Меган „ги поканија Вилијам и Кејт на роденденот на Лилибет. Но, тие не дојдоа за да не бидат кодошени“

Хари и Меган ги поканиле Кејт и Вилијам на роденденот на нивната ќерка Лилибет Дијана кој се означи со симболична прослава во Лонодон, Сепак…

Ова го открил извор за Пејџ Сикс, објаснувајќи дека Кејт и Вилијам ја одбиле маслиновата гранка што им ја понудиле војводите од Сасекс затоа што „Вилијам се уште е претпазлив во однос на својот брат“: „Тој не сака да биде сам со него, се плаши дека сè што ќе си кажат приватно, тој на крајот ќе го пренесе на новинарите“.

Првиот роденден на Лилибет Дијана можеше да биде добра прилика да ги собере и повторно зближи браќата Хари и Вилијам но и нивните сопруги Меган Маркл и Кејт Мидлтон. Сепак, работите тргнале поинаку, а војводите од Сасекс барем се обиделе да понудат помирување. Според извор за Пејџ Сикс „Хари и Меган ги поканија Вилијам и Кејт, со нивните деца Џорџ, Шарлот и Луис, на роденденот на Лилибет Дијана. Но, тие се плашеа дека ако дојдат ќе бидат кодошени“. Понатаму тој открива: „Вилијам сè уште е претпазлив кон својот брат“. И „не сака да биде предолго сам со него бидејќи се плаши дека се што ќе кажат насамо ќе заврши во медиумите“. Разбирлива загриженост, после шокантното интервју со Опра Винфри, во кое Хари и Меган, минатата година, ги измија валканите алишта на (кралското) семејство пред милиони гледачи, обвинувајќи ги членовите на Виндзор дури и за расизам.

Вилијам и Кејт очигледно ниту ги заборавиле ниту ги простиле стрелите што Хари и Меган ги лансираа против кралското семејство. Но дури сега се открива дека Хари и Меган сакале да го искористат роденденот на нивната ќеркичка за да им понудадат на војводите од Кембриџ маслиново гранче. Што тие, сепак, го одбија. И така, изгубена е одлична можност за зближување, но не само тоа: малите Џорџ, Шарлот и Луис не можеа да го видат Арчи, братучедот кој две години не бил дојден во Лондон, ниту да ја запознаат својата братучетка Лилибет Дијана, родена во Америка.

Слични објави

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо
Се вчитува....