8.8 C
Скопје
18:04 - 31 март, 2026

ХАЛИ БЕРИ СЕ ШЕГУВА СО ОБОЖАВАТЕЛИТЕ: Бракот заврши…

Оскаровката Хали Бери реши да се пошегува со обожавателите и пријателите на новогодишната ноќ глумејќи дека се омажила.

ЧЕСТИТКИ ЗА ОСКАРОВКАТА: Дали Хали Бери се омажи за Ван Хант? „Официјално е!“

Американската актерка и поранешен модел Хали Бери се шегуваше со своите следбеници на социјалните мрежи дека се омажила за своето момче Ван Хант на Нова година.

Холивудската ѕвезда сподели шега на Инстаграм преку која сугерираше дека е тукушто мажена по четврти пат! Претходно, убавата Хали беше во брак со: бејзбол играчот Дејвид Џастис од 1993 до 1997 година, пејачот Ерик Бенет од 2001 до 2005 година и актерот Оливие Мартинез од 2013 до 2016 година.

Фотографијата на новиот пар ги прикажува двајцата како разменуваат романтичен бакнеж, а таа носи цветен венец на главата. А местото за потенцијалната венчавка не можеше да биде поидилично: прозорецот зад парот ја покажуваше тиркизната вода на тропската дестинација каде што ги поминаа божиќните празници. А фотографијата беше поддржана со објавата „официјално е“.

На фотографијата Хали и Ван се боси, а се бакнуваат пред нешто што изгледа како олтар.

Актерката и Хант се во врска само од 2020 година, но манекенката ја официјализираше нивната врска на Инстаграм во септември истата година, објавувајќи фотографија на која носи една од маичките на музичарот. „Предвремениот“ гест на брак, всушност, воопшто не ги убеди сите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Веќе следниот ден Хали Бери постираше нова фотографија на која јасно објаснува дека само се забавувале во празничен дух. 

– Ви благодарам за убавите желби, навистина, ни ги допревте срцата! Сега е ОФИЦИЈАЛНО, интернетот повеќе не е непоразен – напиша таа.

Слични објави

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.
Се вчитува....