16.8 C
Скопје
16:15 - 10 март, 2026

Го негувала во болница кога му било најтешко: Ова е љубовната приказна на Спасен Силјановски

Таа го негувала во болница кога му било најтешко, Спасен Силјановски и неговата сопруга Ана имаат филмска љубовна приказна.

Фолк-пејачот објави едно љубовно селфи со својата сакана на својот фејсбук-профил на кое се гледа дека љубовта им цвета како првиот ден. Во една прилика, Спасен ја раскажа нивната љубовна приказна.

Тој рече дека со сопругата се запознале по некоја чиста случајност во Полска, додека тој бил на турнеја со КУД „Бисер“ од Кичево како хармоникаш, а таа била туристка.

– Случајно дојде на нашиот настап и веднаш „кликнавме”. Потоа продолживме да се гледаме и кога се вративме во Македонија.

Јас имав сообраќајка и подолго време бев на лекување на клиника. Таа иако средношколец секој ден доаѓаше кај мене на посета и ме негуваше како да се знаеме долги години. Во тој момент знаев дека таа и само таа е мојата иднина. Си дадов ветување  дека кога ќе оздравам и ќе ја напуштам клиниката ќе ја запросам – рече пејачот за „Женски магазин“.

Денеска, 12 години откако се во брак, плод на нивната љубов се синот Арсениј (11) и ќерката Мила (9).

Слични објави

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо
Се вчитува....