24.9 C
Скопје
20:34 - 10 јули, 2026

Франција се подели околу предлогот за проверка на невиност кај жените

Франција е една од 20-те земји во кои се вршат проверки дали жената е девица за што деновиве е актуелен предлогот за укинување на таквата пракса што предизвика поделеност во јавноста. Додека некои активисти и Обединетите нации (ОН) бараат забрана за „варварската пракса“, други предупредуваат дека положбата на одреден број муслиманки би можела значително да биде влошена.

Според наводите на Светската здравстевна организација (СЗО), проверка на невиноста на жената се спроведува во најмалку 20 држави, а понекогаш се врши присилно, бидејќи семејствата, партнерите и потенцијалните работодавачи ја користат жената за проценка на честа и социјалната вредност.

Во Европа, според наводи на СЗО, такви тестови вршат уште Белгија, Холандија, Велика Британија, Шпанија и Шведска, пренесуваат агенциите.

Проверката на невиноста во Франција е најчеста пракса меѓу муслиманките, како и меѓу поедини ромски семејства кои инсистираат на доказ дека девојката е девица пред да влезе во брак.

Обединетите нации предупредуваат дека таквите тестови се болни, непрецизни и претставуваат кршење на човековите права и за нив нема место во модерните општества.

Но, не сите се согласни со тоа. Некои стручњаци предупредуваат на несаканите последици од предложената забрана за проверка на невиноста во Франција што е дел од поширокиот предлог закон за исламски сепаратизам кој наредниот месец ќе се најде пред францускиот парламент.

Според нацрт законот, претседателот Емануел Макрон предлага казна затвор од една година плус 15.000 евра за лекарите кои издаваат такви потврди. Закон има за цел да ги засили секуларните вредности и борбата против исламскиот сепаратизам кој, според Макрон, се заканува да прегази некои заедници.

Лекарите, пак, објаснуваат дека жените во тој случај би можеле да плаќаат прекумерни надоместоци за илегални тестови и би ризикувале да се соочат со насилно однесување на членови на семејството, без разлика дали станува збор за партнер или идни роднини од машка страна, доколку немаат доказ за невиност.

– Со казнување на лекарите, ќе се затвори една врата за пациентите каде би можеле да добијат помош или совет. Тоа без сомнение ќе значи промоција на црниот пазар за добивање на потврди што скапо ќе биде наплатено од сомнителните аптеки, вели Газа Хатем Ганцер, гинеколог од Париз и главен лекар во прифатилиштето за жртви на насилство „Мезон де Фам“.

Слични објави

(Фото) „Те сакаме бескрајно“: Ана Севиќ и Дарко Лазиќ го прославуваат роденденот на ќерката Лорена

Еспресо

Ретка приказна за Кире Костов објавена три години по неговото заминување

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ по 7 месеци се огласи од Шпанија: Цврсто ја прегрнал сопругата, па испрати порака што збуни многумина

Еспресо

Совршен подарок: Мали уметнички дела од восок – креации што го разубавуваат секој простор

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ на одмор со синот Јавуз: Во костим за капење и без шминка ги воодушеви следбениците

Еспресо

(Фото) Маја Николиќ воодушевена од несекојдневна глетка на Халкидики: „Ова во животот не сум го видела“

Еспресо
Се вчитува....