10.8 C
Скопје
06:56 - 25 април, 2024

(ФОТО)ВО БУТИКОТ ЗА ЛУК НА ЧИЧКО БРАНКО: Макала со најразлични вкусови, оцет од диви јаболки и други волшебни состојки

пазар буњаковец

Охридското макало на чичко Бранко е толку популарно што редовно се шета надвор од границите…

На „Зелен пазар“ во Скопје има една многу несекојдневна тезга, која ни го улови вниманието. Тезгата е верна на пазарџискиот дух, но си носи еден напис „Бутик за лук“, кој кај некои предизвикува радост и смеа, а кај други ја разгорува љубопитноста. Бранко Бакарџиев, според сопствените зборови, од економист, станал дипломиран лукар.

буњаковец пазар
фото: Виктор Поповски за еспресо.мк

Што ве инспирираше да отворите – „Бутик за лук“?

– Ова што го гледате се случи пред 26 години. Имам еден добар пријател кој сега е покоен, Мирче. Кога почнав да работам, се сретнавме тука и ми рече: „Сè ти е убаво изработено, врзано, само треба да ставиш некој препознатлив знак, нешко како „Бутик за лук“, и јас веднаш се инспирирав. Почнав да работам со лукот пред 26 години. Суштината е дека ова сум го изработувал, да помине низ моите раце. Инспирација беше да биде што подобро и бутикот да одговара на квалитетот. Немаше медови и од другите работи до пред 5,6 години, 26 години буквално кажано: ЛУК. Идејата на покојниот Мирче беше охридското макало да влезе тука, чисто, природно, еколошки здраво, исклучиво со македонски лук. Тоа е основата.

буњаковец пазар
фото: Виктор Поповски за еспресо.мк

Кои други посебни производи ги правите со лук?

– Јас тоа што го правам е макалото. Со колега, правиме охридски макала, традиционални, а има со магдонос, со босилек, со ѓумбир, со многу работи, има со маслинов зејтин или сончогледов. Правам оцет од диви јаболка веќе 5 години, познат сум и по печурки. Моментално немаме диви печурки, инаку јас произведувам одвреме-навреме. Имам фантастичен печуркарник, ама сам не можам да стигнам. Произведувам шитаке, од ланската години луѓево луѓево уште бараат оти се разликуваа – семето беше различно. Моите шитаке беа извондредни.

буњаковец пазар
фото: Виктор Поповски за еспресо.мк

Колку години има најстарото семе тука?

– Има два типа на лук, есенски и пролетен. Пролетниот лук го има и тоаш и во зима. Зошто во зима? Оти се сади во пролет и трае една година, значи е едногодишно растение кое ќе трае до пролет, другата година. Есенскиот лук се сади со есен, ланска година, сега заминува веќе. Затоа некогаш луѓето викаат ми прорте. Луѓето не ја разбираат суштината на проблемот. Не е само да го земеш. Кога ќе речат дајте едно кило, не им давам, ќе им дадам 200-300 гр, за да го изедат за две недели. Тоа е суштината на сознанијата меѓу лукот.

буњаковец пазар
фото: Виктор Поповски за еспресо.мк

Чичко Бранко е познат по овие макала низ цела Европа, Америка и Канада. Нон-стоп има потрошувачи што се од странство и тоа што го прави исклучиво е чисто, не е пастеризирано и без хемикалии. Зејтин и лук, сол и лимон, ништо друго не користи.

Ова го викаме мајонез од лук, познат во македонија, го правам до совршенство зашто го правам веќе 15 години.

По макалото доѓаат луѓето.

буњаковец пазар
фото: Виктор Поповски за еспресо.мк

Има лукот некои посебни лековити својства?

– Лукот е познат во светот како антибиотик. Мислам дека не постои лек без лук, не само природните, туку и апчињата.

–  За лукот не сум знаел ништо до пред 26 години, кога почнав со ова, еден мој директор, сега покоен, што ме воведе во оваа работа ме однесе до Росоман да земеме лук од негов пријател. Не знаев што ќе правиме со 674 кила, но го донесовме тука, и веднаш го продадовме. Си реков: Ова ли ќе биде моето животно дело? Лукар да станам! Од економист, јас станав дипломиран лукар. И сега ме викаат дипломиран лукар по втора дејност.

буњаковец пазар
фото: Виктор Поповски за еспресо.мк

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо
Се вчитува....