19:47 - 6 ноември, 2026

(Фото) Згодниот Италијанец со кого Цеца беше на вечера правел естетски корекции

Откако беше фотографиран на вечера со српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, атрактивниот италијански актер Симоне Сузина се појави и на објавите на една естетска клиника каде, судејќи според фотографиите и видеата, правел корекции на лицето.

Според објавите би се рекло дека актерот всушност остварил соработка со оваа клиника, бидејќи пред тоа и го шминкале, а исто така и го снимале.

Симоне потоа се појавил на ноќното излегување, а многумина забележале дека изгледа видливо затегнат и посвеж од порано.

Неговото појавување предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи, особено кај жените од Белград кои не го кријат своето воодушевување од италијанскиот актер.

Од моментот кога беше виден во друштво на Цеца, интересот за него не престанува да расте, па затоа секој негов чекор во Белград внимателно се следи.

Додека некои коментираат за неговиот однос со пејачката, други се фокусираа на неговиот физички изглед и естетските третмани што, според објавите на клиниката, ги правел во текот на престојот во Белград.

Иако Симоне јавно не се огласи на темата корекции, едно е сигурно дека каде и да се појави, успева да привлече големо внимание.

Да потсетиме дека италијанскиот актер и модел е во Белград веќе неколку дена, а вечерата со Цеца поминала во опуштена и пријатна атмосфера.

Според очевидци, Цеца и познатиот актер поминале неколку часа разговарајќи и смеејќи се, додека присутните гости не го криеле своето изненадување кога ги виделе заедно.

Папарацо на српски „Информер“ ги фати на излегување од елитен ресторан и ги сними пејачката и италијанскиот заводник.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simone Susinna (@susinnasimone)


 

Слични објави

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.
Се вчитува....