15:58 - 26 ноември, 2026

Цеца носеше облека од 16.350 евра на вечерата со фаталниот Италијанец

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ повторно привлече огромно внимание во јавноста, откако беше забележана на вечера со светски познатиот италијански фотомодел и актер Симоне Сузина.

Нивното заедничко појавување предизвика голем интерес на социјалните мрежи, а многумина беа изненадени што токму познатиот италијански актер ја поминал вечерта во друштво на една од најголемите балкански музички ѕвезди.

За оваа пригода, Цеца избра урбан и впечатлив стајлинг кој совршено го истакна нејзиниот моден вкус. Таа носеше широки фармерки во комбинација со бела чипкана маица, додека изгледот го заокружи со елегантни високи потпетици. Комбинацијата делуваше опуштено, модерно и ефектно, што веднаш привлече внимание кај модните обожаватели.

Според објави на страници што ги следат модните комбинации на познати личности, овој стајлинг на Цеца спаѓа меѓу поскапите во последниот период. Проценките велат дека за целата комбинација била издвоена значителна сума.

Мајицата чини околу 150 евра, фармерките околу 1.200 евра, додека чантата достигнува цена од околу 15.000 евра, што вкупно изнесува приближно 16.350 евра.

Потсетуваме, Цеца пред неколку дена објави фотографија со атрактивниот Италијанец, покажувајќи дека уживаат во заедничка вечера. Иако на почетокот многумина помислија дека станува збор за фотографија направена со помош на вештачка интелигенција, подоцна се покажа дека пејачката навистина била во друштво на познатиот актер.

Нивната средба со денови е главна тема на социјалните мрежи, а бројни обожавателки отворено признаваат дека ѝ завидуваат на Цеца поради друштвото на харизматичниот актер кој важи за еден од најпосакуваните мажи во јавноста.

Слични објави

Снежана Ѓуришиќ искрено за најтешкиот период во животот: „По смртта на сопругот се повлеков од сите, а мир пронајдов во молитвата и разговорот“

Е.А.

(Фото) Како актерките од стариот Холивуд: Бергузар Корел блесна во кадифен фустан и рубини

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Неда Украден во домашно издание без шминка: „Најголема радост е со љубов да се подготви трпеза за најблиските“

Е.А.

(Видео) Верица Ристевска по долго време повторно пред скопската публика: легендарниот глас се враќа на сцената

Еспресо

Едита Арадиновиќ за мајчинството, кредитот за куќата и односот со поранешниот партнер: „Зоја има прекрасен татко, а мене во моментов ми е важен мирот“

Е.А.
Се вчитува....