22:50 - 6 ноември, 2026

„Јаков Јозиновиќ побара 35.000 евра, а јавноста требаше да знае дека пее бесплатно“: Градоначалникот на Раденац со шокантни тврдења за пејачот

Младиот хрватски пејач Јаков Јозиновиќ (20) постигна вртоглав успех за многу кратко време. Јаков редовно настапува во регионот, меѓутоа, концертот што требаше да го одржи во Словенија очигледно нема да се одржи.

Градоначалникот на општина Раденци, Роман Лељак, во своето гостување во поткаст, изнел тврдења за Јозиновиќ што предизвикаа голем број спротивставени коментари.

Како што тврди Лељак, менаџментот на Јаков Јозиновиќ побарал 35.000 евра за настапот во општина Раденци во Словенија, но под услов да се претстави пред јавноста да пее бесплатно.

– Имаше предлог Јаков Јозиновиќ да дојде, би му платил градот. Тој од нас побара 35.000 евра за настапот, што мене ми се чинеше високо бидејќи тоа е истиот хонорар што го побара и Северина минатата година. И побара уште еден додаток, јавно да објави дека пеел доброволно, значи бесплатно. Неговата агентка објасни дека тоа е затоа што оди и пее на тие концерти каде што заработува многу и дека тој настап за 35.000 е мошне малку за него, па за да не си го расипе финансискиот рејтинг. Јас јавно и јасно реков дека како градоначалник нема да го прифатам тоа, дека мене тие 35.000 евра ми изгледаат како огромна сума еден за млад изведувач, а уште и да ги лажам своите жители нема шанси. Убаво му се заблагодарив и му посакав добра кариера. Се надевам дека наскоро ќе се вразуми и дека ќе ги почитува обичаите и околината во која живее и дека сите тие работи што се случија во Белград сепак ги разбира – порачал Лељак.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....