12.8 C
Скопје
23:09 - 25 септември, 2026

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европскиот конгрес за дебелина ги обедини водечките светски експерти

Овогодишниот Европски конгрес за дебелина 2026 (ECO 2026) се одржа од 12 до 15 мај во Истанбул, обединувајќи водечки светски експерти, научници и организации посветени на истражувањето и современиот третман на дебелината.

Од Клиника „Жан Митрев“ велат дека се горди што дел од овој престижен глобален настан беше и д-р Џулиана Михајловска, ендокринолог, чие учество има особено значење за понатамошниот развој и стратегијата на Центарот за третман на дебелина во рамки на Клиниката „Жан Митрев“.

„За време на конгресот беа презентирани најновите светски трендови, меѓународни студии и современи пристапи во менаџирањето на дебелината. Размената на искуства и знаења со експерти од целиот свет претставува значаен поттик за дополнително унапредување на работата на нашиот Центар и обезбедување уште поквалитетна грижа за пациентите.

Остануваме посветени на континуирана едукација, следење на најсовремените медицински практики и имплементација на врвни глобални стандарди, со цел да понудиме сеопфатна, професионална и современа поддршка во справувањето со дебелината како комплексен здравствен предизвик“ – велат од Клиника „Жан Митрев“.

Фото: Промо

Клиника „Жан Митрев“ дел од EADV пролетен симпозиум 2026

Клиника „Жан Митрев“ беше дел од EADV пролетен симпозиум (EADV Spring Symposium 2026), кој се одржа во Атина, Грција, еден од најзначајните европски научни настани во областа на дерматологијата.

Во рамките на симпозиумот, д-р Анџелка Илиева презентираше научен труд посветен на меланомот и на современите имунотерапевтски пристапи, истражувајќи како одредени генетски промени можат да влијаат врз одговорот на третманот.

Фото: Промо

Трудот е резултат на соработка помеѓу Генетската лабораторија при Клиника „Жан Митрев“, Марија Ѓорѓиевска, Џансел Буковец, д-р Горан Кунгуловски, како и д-р Аимилиос Лалас, професор по дерматологија на Универзитетот Аристотел во Солун (Aristotle University of Thessaloniki) и претседател на Меѓународното здружение за дермоскопија (International Dermoscopy Society).

„Учеството на вакви меѓународни конгреси и симпозиуми претставува важен дел од нашата заложба за континуирана едукација, научен развој и следење на најсовремените медицински достигнувања, со една цел, подобра грижа за пациентите“ – велат од Клиника „Жан Митрев“.

Фото: Промо

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. За закажување преглед или консултации јавете се на тел. 02 3091 484

Комерцијален текст.

Слични објави

Хана Хуљиќ за Петар Грашо: „Од концерт доаѓа дома во четири-пет наутро само за да биде со нас“

Еспресо

„Првата половина од мојот живот ја поминав…“: Марија Шерифовиќ донесе важна одлука на Бали

Еспресо

(Фото) Новата снаа на Брена се всели во станот на Виктор од 700.000 евра: Александра го покажа неверојатниот луксуз

Еспресо

(Фото) Торта на три спрата, скокалница и декорации – Сека Алексиќ го претвори дворот во игротека за роденденот на синот Јаков

Еспресо

„Својот труд го трошеше на луѓе кои тоа не го заслужија“ — Сузана Јовановиќ е разочарана од луѓето по смртта на Сaша Поповиќ

E.A.

„Одев по улица со синот и врескав на целиот глас“ — Стоја се присети на најтешкиот период кога ја избркале од дома со тригодишно дете

E.A.
Се вчитува....