22:37 - 6 ноември, 2026

Северина се огласи по пресудата за старателството: „Мојот син веќе извесно време е дома“

Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе неправосилна пресуда во долгогодишниот спор за старателството над синот на хрватската пејачка Северина Вучковиќ и српскиот претприемач Милан Поповиќ. Нивниот син Александар отсега ќе живее со својата мајка, што го потврди и адвокатката на Северина во тој спор, Јасминка Билош.

Северина се огласи по пресудата со краток текст насловен „Благодарам, но не е готово“.

„Неизмерна благодарност до сите што ме опсипувате со поддршка овие денови… Всушност, мојот син веќе извесно време е дома , а сега тоа е и формално потврдено со оваа судска одлука“, напишала таа покрај фотографиите со својот син.

Од друга страна, борбата не е завршена… Ниту мојата, ниту на многу мајки. На пример, постојат две девојчиња кои осум години не смеат да го напуштат Загреб, а нивната мајка останува без средства да се бори против суровиот и студен систем, кој треба да ги стави децата на прво место, а не моќните родители. Не сум и никогаш нема да престанам да зборувам за тоа и да се борам за послабите“, додаде Северина.

 

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....