7.8 C
Скопје
22:41 - 31 март, 2026

(ФОТО) ЗБОГУМ ПРИЈАТЕЛЕ: Сара Џесика Паркер се огласи по смртта на Вили Гарсон

сара џесика паркер

„Беше неподносливо. Понекогаш и тишината е изјава. За гравитацијата. За маките. За големината на губење на пријателството кое траеше повеќе од 30 години. Вистинско пријателство кое имаше тајни, авантури, заедничко деловно семејство, вистина, концерти , патувања, оброци, телефонски повици доцна во ноќта, взаемна посветеност на родителството и сите таги и радости што доаѓаат со родителството, триумфи, разочарувања, страв, гнев и години поминати на сетови (особено во станот на Кери) и смеење до доцна ноќе, и како Стенфорд и Кери, и како Вили и С.Џ.“, напиша актерката во емотивна порака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

„Вили. Ќе ми недостига сè поврзано со тебе. Ќе ги премислувам нашите последни моменти заедно одново и одново. Ќе ја препрочитам секоја порака од твоите последни денови и ќе ги запишам последните повици. Твоето отсуство создаде кратер што треба да се исполни со овие спомени и сите други што допрва ќе излезат на површина. Испраќам љубов и најдлабоко сочувство и до тебе, драг Нејтан. Ти беше и си светлината на животот на Вили, а неговото најголемо достигнување беше да биде твој татко. Ова беа неговите последни зборови за мене „Great bangles all around“. Да, со среќа Вили Гарсон. Почивај во мир“, напиша на заедничката фотографија.

Ова е првпат Сара да зборува за смртта на Вили. Нејзината објава собра повеќе од половина милион лајкови за еден час.

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Станфорд од „Сексот и Градот“

Да потсетиме, беше откриено дека Вили, познат по улогата на Стенфорд во серијата „Сексот и градот“, почина од рак на панкреасот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....