04:51 - 4 април, 2026

(ФОТО) ЗАСЛУЖЕНО: Даниел Крег си доби ѕвезда на Холивудската патека на славните

даниел крег

Актерот Даниел Крег доби ѕвезда на Холивудската патека на славните, неколку дена пред филмот во кој за последен пат ќе го видиме во улога на Бонд ќе започне да се емитува во САД.

ДАНИЕЛ КРЕГ ОБЗЕМЕН ОД ЕМОЦИИ: Бонд не плаче, јас плачев

Филмот „No Time To Die“ го означува петтиот и последен настап на Крег во улога на најпознатиот британски таен агент.

даниел крег
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Ѕвездата на актерот под реден број 2704 се наоѓа пред адресата „Hollywood Boulevard 7007“, и е поставена веднаш до ѕвездата на покојниот Роџер Мур, кој го играше Бонд во седум филмови од 1973 до 1985 година.

даниел крег
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

„Апсолутно сум почестен што ќе шетаат по мене низ Холивуд“, рече Крег. „Тоа што на овој тротоар сум опкружен со сите овие легенди ме прави многу, многу, многу среќен човек“.

даниел крег
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Продуцентите на филмот Барбара Броколи и Мајкл Г. Вилсон, заедно со Рами Малек кој го игра негативецот Сафин во „No Time To Die“, присуствуваа на церемонијата на посветување на ѕвездата.

(ВИДЕО) ВЛАТКО ГАЛЕВСКИ ЗА НОВИОТ 007 ФИЛМ: Даниел Крег му даде човечна димензија на Бонд

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....