00:15 - 25 ноември, 2026

(Фото + видео) Зајдисонце, луксуз и романтика: Вака Дара Бубамара го прослави роденденот со дечкото на Сардинија

Пејачката Дара Бубамара решила годинашниот роденден да го прослави далеку од градскиот метеж, на една од најлуксузните дестинации на Сардинија, каде деновите ги минува во друштво на својот нов партнер, кој во последните недели привлече големо внимание во јавноста.

Младиот бизнисмен се потрудил да ѝ приреди вечер за паметење, па за време на зајдисонцето организирал интимна прослава во ексклузивен ресторан сместен покрај морето.

Облечен во елегантен светол костум, избраникот на Дара ја одвел на луксузна тераса со поглед кон брегот, каде ги пречекала романтична атмосфера збогатена со светлечка декорација и раскошно уредена маса.

За оваа пригода Дара избрала тесен беж фустан со долги ракави, кој ја истакнал нејзината фигура. Изгледот го надополнила со големи очила за сонце и скапа чанта во исти тонови.

Посебно внимание привлекле и фотографиите направени пред луксузниот ресорт, каде пејачката позирала на камени скали во гламурозно издание.

Слични објави

Вики Миљковиќ откри зошто не оди на слава кај кумата Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Синот на Лепа Брена ја украси елката во станот вреден 700.000 евра – сите гледаат во необичниот украс на врвот

Еспресо

Секој има свој кат: eве кој сè живее во замокот на Драгана Мирковиќ вреден 50 милиони евра

Еспресо

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

apostolova

(Видео) „Мојата најдлабока болка и успех во исто време“: Сопругата на Кун од „2Бона“ отворено за процесот на замрзнување ембриони

К.С.

Кија Коцкар изненади многумина: „Мирна ми е главата кога немам кредити, а среќна ќе биде личноста на која еден ден ќе ѝ оставам сè“

Е.А.
Се вчитува....