13:10 - 7 ноември, 2026

(Фото) Сопругата на Миро Кацаров брои ситно до породувањето, а ова е нивната уникатна љубовна приказна

Ситно до породувањето брои Ивана, сопругата на водителот Миро Кацаров, со која има уникатна љубовна приказна.

Кацаров и Ивана заедно биле на забава, а на сликата се гледа дека идната мајка изгледа одлично во поодмината бременост, и е елегантно облечена.

Инаку, Миро и Ивана се запознале во ноќен клуб во Скопје и си се бендисале од прва. По само неколку месеци почнале да живеат заедно.

Миро Кацаров и Ивана Фото/ Фејсбук „Бекстејџ“

Ивана, зад себе веќе има еден брак и ќерка која Миро ја сака како да е негова биолошка ќерка. За романтичното запорсување во Рим летото во 2023 година, Кацаров раскажа за „Еспресо“.

Водителот рече дека претходно го испланирал целото патување како изненадување за Ивана, која е одбојкарка.

„Ја побарав Ивана за жена во еден ресторан на плоштадот Пантеон, додека виолинистот свиреше позната италијанска љубовна песна.  Беше многу романтично и авангардно” , раскажа Кацаров тогаш.

Миро и Ивана се свршија во Рим Фото/ Фејсбук

 

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....