9.8 C
Скопје
11:08 - 30 март, 2026

(Фото) Снеже Велков го покажа својот дом, раскомотена во пижами

Раскомотена во пижами, Снеже Велков го покажа својот дом, кој водителката со вкус и со мерак го уредила.

Како што е познато, Снеже секое утро вежба или вози велосипед, а ова видео беше токму од времето кога вежба, поточно се растегнува. Со песната „Главо луда“ од Здравко Чолиќ, Снеже покажа како наутро се растегнува и напиша:

„Нечешлана, пижамосана, ама разгибана.“

Во здраво тело, здрав дух, тоа е поговорката која во целост важи за убавата водителка на емисијата „Нешто конкретно“.

Неодамна, на Снеже ѝ се случи неубав настан.

Таа на крајот од август се огласи на Инстаграм со две приказни, со две вести, добра и лоша. Добрата вест е што таа отиде на кејот на Вардар да провери каква е состојбата откако на тоа место чистела пред четири дена и забележала дека навистина е чисто.

А, лошата вест е дека на Снеже ѝ го украле велосипедот.

„Ми го укадоа точакот, во ГТЦ, на место каде што има камери“, рече Снеже и сподели слика.

Потоа, ги праша следбениците дали некој има слично искуство и дали досега полицијата им вратила украден велосипед.

Фото/ Инстаграм

Слични објави

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо
Се вчитува....