18.8 C
Скопје
12:55 - 20 октомври, 2026

(Фото) Слаткар е нова личност, раперот ептен изненади со оваа промена

Слаткаристика сосема го смени начинот на живот, а очигледно е дека сака и комплетно да го смени својот изглед.

Раперот објави видео од себе во теретана покажувајќи ги мускулите и рече: „Да не речат дека не вежбаме!“

Меѓу многуте инстаграм-приказни на кои тој објави негови фанови како му ги пеат песните, се издвојува ова, во здраво тело-здрав дух.

Слаткар во теретана Фото / Инстаграм

Инаку, Слаткар се расплака на својот голем хит „Да полетам“, додека ја пееше заедно со Калиопи на спектакуларниот концерт кој го одржаа заедно со Тони Зен, на 11 октомври во Арената „Борис Трајковски“.

За песната „Да полетам“ која ја напишал за неговото детство и растењето во скромни услови, Слаткар претходно изјави дека е негова семејна приказна.

Со Калиопи и со Тони Зен до него, и публика која гласно го пееше хитот на момчето од Ново Лисиче што од маалски рапер стана ѕвезда, Слаткар се расплака. Тоа беше само еден од емотивните и лични моменти на овој концерт.

Слаткар ќе одржи нов концерт, но поинтимен, на 29 ноември во Скопје, во клубот „Станица 26“, за кој тој интензивно се подготвува.

Слични објави

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо
Се вчитува....