15:23 - 10 ноември, 2026

(Фото) Сите детали од свадбата на Дани, еден е најемотивен

На 13 септември се омажи поп-рок пејачката Дани Димитровска, за својот сакан со кој е долги години во заеднички живот, поранешниот кошаркар Горан Веселиновски- Весел.

Пејачката блесна во две уникатни венчаници во нејзин стил. На свадбата која повеќе беше како забава пееше нејзиниот колега Ѓоко Танески, со поп и рок хитови.

Фото/ Инстаграм

Тортата била многу уникатна, со цртани младоженец и невеста и срце на неа, а младенците биле многу весели.

Фото/ Инстаграм

Но, она што е најемотивен дел е танцот на невестата со една важна личност, а тоа е нејзиниот син Лазар. Еден од пријателите објавил слика од Дани како танцува со синот.

Фото/ Инстаграм

Ова е втор брак на Дани Димитровска. Весел ја запроси Дани во јуни минатата година, а пејачката тогаш со голема радост ја објави фотографијата на Инстаграм, гордо покажувајќи го свршеничкиот прстен.

Фото/ Инстаграм

Од првиот брак пејачката го има синот Лазар, кој неодамна магистрираше на Универзитетот во Ајндховен. Во средата, Дани и Весел направија регистрација.

Фото/ Инстаграм

 

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....