8.8 C
Скопје
08:57 - 20 октомври, 2026

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Максим, синот на кошаркарката Едина Муса и поранешниот кошаркар Александар Димитровски – Мачка, го прослави својот прв роденден, а прославата започна уште во раните утрински часови со внимателно подготвено изненадување во семејниот дом.

Гордата мајка на социјалните мрежи сподели дел од атмосферата, откривајќи дека додека малиот Максим спиел, таа ја украсила неговата соба со балони и бројни играчки. На плишаните миленици им ставила роденденски капи, а пред вратата го чекал и посебен подарок – детски дрвен велосипед, украсен со балон.

Фото: Инстаграм/Едина Муса
Фото: Инстаграм/Едина Муса

„Го чекаме господинот да стане“, напиша Едина покрај фотографијата од нивното куче со розово хартиено капче на главата, додека во позадина се гледаат расфрлани балони, јасен знак дека роденденското утро започнало со насмевки.

Фото: Инстаграм/Едина Муса

Подоцна таа објави и фотографија од Максим, седнат на новиот велосипед, опкружен со подароци. Видливо возбудена, Муса не ја криеше радоста што нејзиниот син го одбележува првиот роденден.

Фото: Инстаграм/Едина Муса

Инаку, по неговото раѓање, Едина брзо се врати на тренинзите и за краток период повторно беше во препознатливата спортска форма.

Сепак, како што и самата често истакнува, приоритет ѝ е мајчинството. Максим редовно е дел од нејзините прошетки, тренинзи и дури кошаркарски натпревари, а таа со гордост потенцира дека ги наследил спортските гени од двајцата родители.

Фото: Инстаграм/Едина Муса

Слични објави

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо
Се вчитува....