00:59 - 15 септември, 2026

(Фото) Силвестер Сталононе најави развод на необичен начин: Jа замени тетоважата од ликот на неговата сопруга со тетоважа од ликот на неговото куче

По 25 години брак, според последните гласини, двојката по жестока расправија се разделува. 

Разделба на повидок на глумецот Силвестер Сталоне и неговата сопруга Џенифер Флавин. За сега нема јавни изјави, туку јасна трага. Холивудскиот актер ја избришал тетоважата на лицето на неговата сопруга од бицепсот, покривајќи ја со ликот на неговото куче, булмастиф. И не само тоа. Флавин престанала да го „следи“ Сталоне на Инстаграм и сподели слика на својот профил на која ги прегрнува своите три ќерки. Придружено со остра порака: „Овие девојки се мојот приоритет. Ништо друго не е важно. Сите четири засекогаш“.

Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин, 22 години помлади од ѕвездата, се венчаа во 1997 година и имаат три ќерки: Софи Роуз (родена во 1996 година), Систин Роуз (1998) и Скарлет Роуз (2002). Со неговата претходна сопруга, актерката Саша Чак, ѕвездата на „Роки“, го доби синот Сејџ, кој почина во 2012 година од срцев удар, и Сет.

Во меѓувреме, портпаролот на Сталоне се обиде да ги смири вжештените духови, особено на социјалните мрежи, раскажувајќи за наводно недоразбирање за неуспешното обновување на портретот на неговата сопруга.

„Господин Сталоне имаше намера да ја ажурира сликата на тетоважата на неговата сопруга Џенифер, но резултатите беа незадоволителни и, за жал, нерешливи“, објасни Мишел Бега. Поради оваа причина, според портпаролот на актерот, Сталоне сакал да ја покрие старата слика и тоа го направил со нова тетоважа со ликот на неговото куче Буктус. „Господин Сталоне го сака своето семејство. Семејството Сталоне моментално снима заедничко реално шоу кое наскоро ќе биде прикажано“, додаде Бега.

Слични објави

(Фото) Крзнен шал наместо здолниште и обична бела маица – Сенида во необично издание на настап

Еспресо

Саша Ковачевиќ имал операција, а само три дена подоцна застана на сцената

Еспресо

(Фото) Изненадување од саканиот – романтичен роденден на Цеце Николова

Еспресо

Жешки сцени од спалната соба — Теодора Џехверовиќ направи хаос на социалните мрежи

Е.А.

(Фото) „Мојот херој“: Емотивна приказна за помалиот син на Панчо, Марјан

Еспресо

Љубов за која сите зборуваа — Анѓелка го остави мажот, па се омажи за неговиот близок пријател

Е.А.
Се вчитува....