23.8 C
Скопје
16:15 - 28 септември, 2026

(Фото) Северина во раскошна креација која тежи цели 20 килограми: „Имав и кардио на сцена“

Северина повторно привлече внимание со модно издание кое не се гледа секој ден. На настап во Загреб се појави во спектакуларен фустан на познатиот риечки дизајнер, а откри и необичен детаљ – креацијата тежи дури 20 килограми, пишува Тпортал.

Пејачката на Инстаграм сподели фотографии и видеа од настанот, а со објавата духовито коментираше дека за време на настапот направила вистински тренинг. И покрај дождот, атмосферата не изостана, а Северина порача дека публиката и изведувачите заедно направиле вистинско „кардио“.

Северина за оваа пригода одбра импресивен фустан со потпис на познатиот риечки дизајнер Јурај Зигман. Драматичната креација привлекуваше погледи со волуменозната силуета и раскошните детали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Покрај фотографиите од настапот, пејачката откри дека фустанот не бил само моден предизвик, туку и физички напор.

„Еден од најубавите фустани… ама тежи 20 кг, па синоќа имав и ‘кардио’, но сè за убавина“, напиша таа.

Дождот не ја расипа атмосферата

Иако временските услови не биле идеални, Северина порача дека ни дождот не можел да го расипе доброто расположение. Во објавата им се заблагодари на соработниците кои се погрижиле за нејзиниот изглед и сценскиот настап, и порача дека се радува на ново видување следната година.

„Благодарам на сите, бидејќи не може ништо да ни направи дождот, посилни сме од судбината“, порача таа во свој препознатлив стил.

Објавата брзо собра бројни реакции од следбениците, кои особено ја пофалија нејзината најнова модна комбинација.

Слични објави

(Видео) Карлеуша и нејзините ќерки се иселуваат од вилата – Ника се огласи доцна во ноќта

Еспресо

(Фото) Мина Блажев во кратко бело фустанче ја прослави веридбата — го покажа и вереничкиот прстен

Еспресо

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.
Се вчитува....