16:41 - 10 ноември, 2026

(Фото) „Сестринска моќ“: Наташа и Кристина Беквалац уживаат на луксузна јахта на Миконос

Пејачката Наташа Беквалац и нејзината сестра, познатата стилистка Кристина, моментално уживаат на заслужен одмор во Грција. А, со своите најнови објави, буквално ги „запалија“ социјалните мрежи и покажаа зошто важат за едни од најубавите жени на српската сцена.

Сестрите Беквалац решија да избегаат од градската врева и да ги наполнат батериите крстарејќи по морето на луксузна јахта на Миконос. Дека уживаат во одморот, сонцето и морскиот воздух, доказ се неверојатните снимки што Наташа ги сподели на својот инстаграм-профил.

Наташа и Кристина позираа на самиот јахтата под ведро небо, а нивните беспрекорни изданија ги оставија сите без зборови. За оваа пригода, Наташа избра атрактивен син дводелен костим со марама која совршено ја истакнуваше нејзината витка фигура, долги нозе и исончан тен, додека Кристина се одлучи за бел костим за капење кој го комбинираше со лесна летна наметка.

И двете го комплетираа својот стајлинг со модерни црни очила за сонце, и додека позираа самоуверено и малку дрско како врвните светски модели, многумина коментираа дека никогаш не изгледале подобро.

„Сестринска моќ“, кратко и јасно напиша Наташа на фотографијата.

Иако и двете влегоа во својата петта деценија, сестрите Беквалац им покажаа на овие згодни кадри од Грција дека за нив годините се само бројка и дека со добра генетика, грижа и позитивен став, времето не може ништо да направи.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....