13:53 - 10 ноември, 2026

„Се обидовме, не успеавме“: Душко Тошиќ јавно го потврди раскинувањето со Нора

По бројните медиумски шпекулации и интересирањето на јавноста, Душко Тошиќ одлучил да ја открие вистината и да стави крај на сите гласини. Тој им се обратил на своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, каде отворено признал дека неговата љубовна приказна со Нора завршила.

Во својата објава, Душко објаснил дека тој и Нора веќе некое време не се во љубов и дека откако се обиделе, одлучиле да раскинат.

„Кога станува збор за мојот емотивен живот, за кој во последно време се зборуваше во јавноста, веќе некое време не сме заедно. Се обидовме, не успеа и секој продолжи по својот пат“, напишал Тошиќ.

Поранешниот фудбалер нагласил дека почувствувал потреба да се огласи, пред сè, поради големиот број повици и пораки што ги добивал, но и со намера да спречи понатамошни погрешни толкувања.

„Причината за моето огласување се бројните повици и пораки што ги добив, но и потребата да зборувам за ова јасно и без простор за погрешни толкувања. Немам намера дополнително да го разоткривам мојот приватен живот во јавноста, но мислам дека е важно да кажам некои работи директно“, порачал Душко Тошиќ на Инстаграм.

 

Слични објави

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....