13:41 - 10 ноември, 2026

Македонската водителка Нина Ред со моќна порака за простувањето: „Не смееме цел живот да се казнуваме, заслужуваме мир“

Македонската водителка и инфлуенсерка Нина Ред важи за една од јавните личности кои отворено зборуваат за своите искуства на социјалните мрежи. Во своите објави досега споделувала различни моменти од животот, од тешките периоди до борбата со акните.

Овојпат, Ред се осврна на простувањето и на потребата да се ослободиме од луѓето, ситуациите и чувствата што повеќе не сакаме да ги носиме со себе.

Во својата објава таа зборува за простувањето на поранешниот партнер, претпоставените, родителите, пријателите, сестрата, колегите, луѓето кои не ни дале шанса, но и на самите себе.

Кога станува збор за поранешните љубови, Нина посочува дека старите разочарувања не треба да се пренесуваат во новите врски. За лошото лидерство на работното место смета дека понекогаш треба да ја прифатиме ситуацијата, но и да ја промениме средината, додека за родителите потсетува дека и тие за првпат се нашле во таа улога и не можеле да знаат сè.

Ред се осврна и на пријателствата, истакнувајќи дека личниот раст понекогаш ги менува односите и дека не секој е подготвен да нè следи низ промените. Посебно место во нејзината објава има и односот со сестра ѝ – иако некогаш, како што вели, зборувале „различни јазици“, денес градат нешто заедно.

Фото: Инстаграм/Нина Ред

Таа испрати порака и за моментите кога некој не ни дал шанса или не ја препознал нашата идеја, нагласувајќи дека тоа не значи дека визијата не била добра. Во однос на колегите, нејзината порака е дека туѓиот успех не треба да се доживува како закана.

На крајот, Нина зборува и за можеби најтешкото простување – она кон себеси. Според неа, човек не треба цел живот да се казнува поради верзија од себе која во меѓувреме ја надраснал.

Во својата објава таа напиша:

„Понекогаш простувањето не е за нив. Туку за нас. За луѓето што не знаеле како да ни покажат љубов. За оние со кои сме се разминале по пат. За оние што не ја виделе нашата визија. За оние што не знаеле да бидат лидери. И за верзиите од нас што веќе не сме. Затоа што растењето значи и да научиш што повеќе не сакаш да носиш со себе. Прости. Пушти. Промени се.“

Нејзината порака е дека простувањето не значи оправдување на туѓото однесување, туку ослободување од искуството и товарот што го носиме со себе.

„Заслужуваш мир. Подари си го“, порача Ред.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ninna (@ninnared)

Слични објави

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....