12:03 - 27 ноември, 2026

(Фото) Се огласи ќерката на Здравко Чолиќ по бомбашкиот напад: Уна ја заинтригира јавноста со нова фотографија

По драматичниот инцидент кога во дворот на семејната куќа на Здравко Чолиќ на Дедиње беше фрлена рачна бомба, неговото семејство неколку дена не се огласуваше јавно. Сега, повеќе од една недела по настанот, прва се појави неговата постара ќерка Уна Чолиќ.

Таа на Инстаграм сподели фотографии од тоа како го поминала Денот на вљубените – на ручек со пријателка, а подоцна објави и букет цвеќе што го добила од својот партнер.

Иако не се осврна директно на инцидентот, објавите беа доволни за да ја заинтригираат јавноста, која внимателно ги следи случувањата по нападот.

Фото: Инстаграм/Уна Чолиќ

Во меѓувреме, полицијата ги приведе сите тројца осомничени за нападите што ја вознемирија белградската јавност, вклучително и фрлањето експлозивна направа во дворот на куќата на Чолиќ.

Според информациите од истрагата, нападот се случил на 3 февруари 2026 година околу 4:52 часот наутро. Осомничените прво пристигнале со такси возило во близина на локацијата, а потоа користеле електричен тротинет за да ѝ се приближат на целта незабележано. По активирањето на бомбата, се обиделе да побегнат, а дел од настанот бил документиран и со мобилен телефон.

Полицијата, во координација со надлежното обвинителство, го уапси и третото лице осомничено за учество во нападите, со што случајот влезе во нова фаза на истрагата.

За среќа, во експлозијата нема повредени, а семејството Чолиќ помина без физички последици, иако инцидентот предизвика сериозна вознемиреност во јавноста.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....