16:54 - 12 ноември, 2026

„Бебето го ставија во кеса за ѓубре, не го ни држев во раце“: Потресна исповед на инфлуенсерката Марија Мандиќ

Тиктокерката и инфлуенсерка Марија Мандиќ пред три години доживеала една од најтешките животни трагедии – го изгубила своето штотуку родено бебе. Сега, во искрена и емотивна исповед, за првпат отворено проговори за сè што се случувало во тие болни моменти.

Како што претходно објаснила, бременоста била уредна, породувањето било во термин, но непосредно пред породувањето настанале компликации.

Зборувајќи за тој тежок период, Марија не можеше да ги сокрие емоциите – во еден момент заплака пред камерите, присетувајќи се на загубата што ѝ го променила животот засекогаш.

„Она што си го замерувам себеси, но и на другите, е што ги послушав за работи со кои не се согласував. Од почеток имав желба да го видам бебето, да го фотографирам и да го погребам, но никој ништо не ме праша – одлуките ги носеа други. Ова никогаш не сум го кажала, но тоа се единствените работи со кои никогаш нема да можам да се помирам“, рече таа низ солзи.

Таа откри дека се породила природно, со епидурална анестезија, а породувањето траело цела ноќ.

„Секојпат кога ќе се сетев дека бебето нема да заплаче, јас плачев уште повеќе… Сакав да го видам, но медицинските сестри ме убедуваа дека не треба, за да не ми биде уште потешко. Моето бебе беше нормално, терминско бебе – изгледаше како да спие. Поголема траума ми е што денес немам јасна слика од неговото лице во главата“, раскажа таа.

Инфлуенсерката истакна дека темата е болна, но сака да зборува за неа затоа што не сака нејзиното бебе да биде заборавено.

„Знам дека ова може да им помогне и на други, а можеби и мене ќе ми биде полесно ако кажам сè. Бабицата ме убедуваше да не го видам бебето. Јас сепак го погледнав и многу плачев. Беше прекрасно. Пред тоа гледав фотографии од кога сум се родила јас – личеше на мене додека спиеше, и тоа ми беше уште потешко. Го измерија, а потоа дојде најтешкиот момент. Не можам да поверувам дека тоа се практикува. Земале црна кеса за ѓубре и го ставиле бебето внатре… Не знам дали така се прави или тоа беше само мој случај, но се однесуваа како да станува збор за нешто безвредно. Зошто морав да го видам тоа? Не го ни држев во раце, и тоа многу ме боли“, сподели таа во видео објавено на Јутјуб.

Нејзината исповед предизвика бројни реакции и пораки на поддршка, отворајќи и поширока дискусија за начинот на кој здравствените институции постапуваат во вакви исклучително чувствителни ситуации.

Слични објави

„Не можев да посакам подобро“: Ела Дворник објави снимка со својата ќерка и откри убави вести

Еспресо

Искуства на пациент од Клиника „Жан Митрев“: 15 години подоцна – животот е најголемото сведоштво

Еспресо

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.
Се вчитува....