12:49 - 11 ноември, 2026

Ева Рас шокираше со изјава за смртта: „Го молам Бога кога ќе умрам да одам во пеколот“

Актерката Ева Рас уште еднаш го покажа својот препознатлив хумор и искреност, зборувајќи во телевизиска емисија на различни теми – од тоа колку не ја поднесува зимата и студот, до сеќавања на колеги кои, за жал, повеќе не се меѓу живите.

На самиот почеток таа откри дека ја мрази зимата и снегот, иако е родена на први јануари.

„Ја мразам зимата и постојано го молам Бога, кога ќе умрам, да ме прати во пеколот – таму барем постојано гори оган. Да не ме поканевте, немаше ни да станам од кревет. Кога времето е вакво грозно, си ставам перница на глава, само да не сум свесна за ништо – тоа е како смрт. Не верувам во хороскоп ниту во такви работи. Се раѓате со одредени особини и не можете да ги смените. Јас бев очајна уште кога се родив – ми беше ладно“, изјави таа низ смеа.

Таа додаде дека никогаш во животот не славела роденден.

„Повеќе сакаа да одат на новогодишен дочек отколку на мојот роденден. Никогаш не сум дувнала свеќички! Еден магазин направи репортажа за мојот роденден и донесоа торта – но без свеќички, со оној мал огномет, па ни тогаш не дував свеќички“, раскажа актерката.

Со својот специфичен стил и духовит пристап, Ева Рас уште еднаш покажа дека и на сериозни теми знае да зборува со доза иронија и шарм.

Слични објави

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо

Десерт за славската трпеза — рецепт за посна торта „Реформ“ со ореви и чоколадо

К.С.

Дневен хороскоп за 11 ноември: Денот е поволен за размена на идеи, но не брзајте со донесување на големи одлуки

apostolova
Се вчитува....