16:09 - 13 јули, 2026

(Фото) Северина доживеа фијаско на концертот во Подгорица – празни трибини во Арената!

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ на Денот на вљубените одржа концерт во сала во Подгорица, кој беше најавуван со месеци. Сепак, судејќи според снимките и коментарите на социјалните мрежи, хрватската пејачка доживеа дебакл во главниот град на Црна Гора, па на нејзиниот концерт во сала која собира околу 2.500 луѓе дојдоа помалку од 500 посетители, пишува српски „Курир“.

Како што можете да се види и на фотографиите што ги објави српски „Курир“, сите трибини биле празни, а во долниот дел имало уште многу слободен простор за стоење.

 

И покрај лошата посета, пејачката делувала добро расположена, а во еден момент се симнала и меѓу публиката, што предизвикало општо воодушевување кај малобројните девојки кои останале до крајот на концертот во Подгорица.

Инаку, кратко пред почетокот на овој концерт, српскиот фолк пејач Аца Лукас објави видео од Подгорица во кое саркастично коментираше за гостувањето на Северина во Подгорица.

Лукас се огласи од Подгорица, каде, како што вели, свратил за да се види со пријателите, а потоа изнесе тврдење што изненади многумина.

– Поминувам низ Подгорица, бидејќи се видов со некои пријатели, кои ми кажуваат дека во последните денови цела Подгорица зборува за тајна специјализирана група каубои, кои дошле директно од Тексас и фаќаат луѓе со ласо и ги принудуваат да присуствуваат на вечерашниот концерт во некоја сала каде што пее голема ѕвезда. А овие каубои дошке затоа што со недели бараат не билет повеќе, туку помалку. Ги поканувам луѓето кои нема да можат да дојдат на мојот настап да одат во таа сала, сигурно ќе бидат примени таму – рече Лукас.

Лукас во текот на снимката го споменал името на салата, односно Арената, каде што настапуваше Северина, па сè јасно укажува дека тој саркастично зборува за неа.

 

 

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац ги запали социјалните мрежи — во црн костим за капење покажа беспрекорна линија

Еспресо

(Фото) Тајзи се ожени, а свадбата се претвори во вистински спектакл – Слаткар, Пајак и 2Бона направија хаос

Еспресо

Јелена Карлеуша откри дали новата песна му е посветена на Душко Тошиќ: „Многу плачев додека ја снимав“

Еспресо

(Фото) Новинарката Александра Спировска никогаш позгодна – поранешната сопруга на Пере од „Нокаут“ ужива во Ксамил

apostolova

Кога ќе одлучиш дека е време за поголема тежина, а тегот има друга идеја: хит-снимка од теретана на Лаура Гњатовиќ

Т.Ц.

Ќерката на Ена Беговиќ ја наследила убавината од мајка си, но се одлучила за живот далеку од рефлекторите

Т.Ц.
Се вчитува....