17:38 - 31 март, 2026

(Фото) Сакам мир, јас и мојот душек: Јелена Спенџарска се отвори за љубовта

Јелена Спенџарска откри колку ѝ се сменил животот откако станала позрела личност. Во приказната која во неколку дела ја раскажа на Инстаграм, таа ја споменува и љубовта и дека ѝ годи самотијата.

Во приказната која ја нарече „Нивоа на зрелост кои ги достигнва“, таа меѓу другото раскажа:

– Не одам никаде каде што не можам да седнам. Ве молам, не ме канете на настани каде што се стои. Грбот ми е како на 65-годишник. Колената ме болат без причина.

Фото / Инстаграм

Ако нема каде да седнам, не доаѓам. Да стојам со часови? Тоа е за млади.

Возрасна сум. Никој нема да ме кара. Каде одиш? Надвор. Со кого? Со пријатели. Кога ќе се вратиш? Слободата е поинаква кога ќе сфатиш дека повеќе никому не должиш објаснување.

Најмногу копнеам по мир, не возбуда, не драма, понекогаш ни забава, само мир. Доста ми беше хаос. Мирот ми е љубовен јазик сега.

Секогаш сакам да си одам дома. Не е битно колку е добро друштвото или колку е примамливо да останам – сакам дома. Ми фали мојот кревет. И јас му фалам нему. Најголема љубовна приказна ми е јас и мојот душек.

Има некоја посебна убавина во тоа да се изберам себе – да читам книга, да гледам серија, да прошетам, да трчам или само да дишам во тишина“, рече водителката и инфлуенсерка.

Фото / Инстаграм

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....