17.8 C
Скопје
19:38 - 21 октомври, 2026

(ФОТО) РЕДЕШЕ ХИТ ЗА ХИТ И ОДЕДНАШ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ЈАВНОСТА: Дали Нели Фуртадо некогаш ќе се врати?

нели фуртадо

Канадската пејачка Нели Фуртадо реши да се повлече од сцената во периодот кога беше на врвот на својата кариера.

Додека ги освојуваше првите места на музичките топ листи зад сцената, 43-годишната Нели Фуртадо се чувствувала како да е на самото дно.

нели фуртадо
Фото: EPA/WARREN TODA

„Бев на турнеја на која беше и мојата ќерка. Бев и мајка и пејачка, бев навистина исцрпена. Една вечер стапнав на сцената и сфатив колку сум под стрес. Плачев за време на првите две песни и потоа решив да се одморам од музика, си отидов дома. Тогаш сфатив дека само сакам да бидам дома со моето семејство“, изјави Фуртадо, кој доживеала нервен слом поради притисокот и големите очекувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WorldofWomen (@worldofwomen2019)

Пејачката изјавила и дека не знаела како да се справи со големата слава што ја постигнала за толку краток период.

„По две години интензивни концерти и забави, поминував со часови седев дома во Лос Анџелес зјапајќи во подот. Се чувствував како измамник. Верував дека луѓето ме сакаат поради мојот имиџ, а не поради музиката“, изјави познатата пејачка.

нели фуртадо
Фото: EPA/PAUL BUCK

Фуртадо се прослави со песната „I am Like a Bird“ од 2000 година од нејзиниот деби албум „Whoam, Nelly“, по што ги освои срцата на светската музичка сцена. Потоа следеа нејзините хитови „Promiscuous“, „Say it Right“ и „Maneater“ кои беа на врвот на музичките топ листи. Со текот на годините таа објави неколку албуми и хитови, но никогаш повеќе не ја достигна старата слава.

Слични објави

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

apostolova
Се вчитува....