09:17 - 13 ноември, 2026

(ФОТО) ИМА ДЕСЕТ ГОДИНИ И ВЕЌЕ Е УСПЕШНА ПРЕТПРИЕМАЧКА: Планира да се пензионира на 15 години!

пикси

Пикси Кертис со помош на нејзината мајка до својата 10-годишна возраст лансирала два успешни бренда. Нејзините родители тврдат дека не ја присилувале на ништо, туку дека од мала била заинтересирана за бизнис и заработка, пишува „The Sun“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pixie Curtis (@pixiecurtis)

Кога имавме десет години, секој беше среќен да има и десет денари. Парите не ни беа важни во тие години, а со десет денари кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, можеше да се купи сок, чипс или чоколадо. Вистинско богатство!

Но, тоа не е случај со десетгодишната Австралијка Пикси Кертис. Таа и нејзината мајка Рокси Јаценко основале компанија за играчки која за кратко време стана многу успешна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pixie Curtis (@pixiecurtis)

„За бизнис се интересираше уште од мала. Не бев таква, кога бев тинејџерка преку лето работев во Мекдоналдс затоа што тогаш сите го правеа тоа за да заработат“, вели нејзината мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROXY JACENKO (@roxyjacenko)

Девојчето заработило околу 150.000 долари месечно од својата прва колекција играчки, а потоа мајката и ќерката заедно започнале бизнис со различни машни за коса.

„Ако сака може да се пензионира на 15 години. И двете компании заработуваат толку многу пари. Пари постојано доаѓаат“, рекла гордата мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pixie Curtis (@pixiecurtis)

Инаку, семејството биле добро стоечки финансиски од порано. Живеат во куќа од четири милиони долари, го возат најновиот Мерцедес, а со новите бизниси на младата Пикси, парите неминовно влегуваат во домаќинството.

„Морам да ѝ купам нова облека на мајка ми бидејќи тоа што го има не е нешто посебно. Морам да платам и за нејзините квалитетни екстензии на коса. Не ми се допаѓа нејзината сегашна коса“, изјавило девојчето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pixie Curtis (@pixiecurtis)

Инаку, семејството наишло и на бројни критики од дел од јавноста. Некои велат дека го експлоатираат детето, а други дека претерано ќе го разгалат со ваквото воспитување. Но, мајката ги отфрла овие тврдења, иако божиќната листа на Пикси вклучувал мобилен телефон, креми против стареење, патување на Фиџи и многу други луксузни…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pixie Curtis (@pixiecurtis)

„Таа едноставно е таква, сака да работи. Го има тој „начин на размислување“. Ништо не сме ѝ наметнале“, вели мајката.

Пикси со години оди на третмани за убавина. Секој ден во неделата има закажано некој различен третман, а веќе потрошила десетици илјади долари на третмани.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....