14:19 - 13 ноември, 2026

(ФОТО) ГРИЖЛИВА МАЈКА НА ТРИ ДЕЦА, ГРИЖЛИВА ЉУБОВ КОН ЦВЕЌИЊАТА: Даниела ни ги отвори зелените врати од нејзиниот двор

Даниела Ичковска моментно е невработена, мајка е на три деца, од кои едното е година ипол и си бара многу внимание и грижа. Цвеќињата ги засакала уште од мала, го уредувала дворот кај мајка ѝ и татко ѝ, а денес живее во Долно Лисиче кадешто, исто така, има голем двор пред куќата со голем, чист тревник и зимзелени дрвца.

Фото: Приватна архива

Просторот зад куќата пак, е зелена градинарска „работилница“ во која Даниела експериментира нови работи.

Преку целата година домот го красат собните растенија, од бенџамин, сефлера, спатифилиум, аглоанема, палма до божиќна ѕвезда.

– Овие цвеќиња за мене се едноставни за одгледување, бараат вода еднаш неделно, поставени се на силна светлина, а се пресадуваат еднаш годишно, на пролет. Ги прихранувам просечно на две недели – ни открива Даниела.

Вели дека во текот на летото повеќе време поминува со цвеќињата додека во зима грижата е поедноставна.

– Цвеќето си бара грижа и внимание, но токму поради тоа и возвраќа со љубов – додава таа, не криејќи дека многу се радува на секое ново никнато ливче или цвет.

Даниела ни открива и дека иако, се вели, дека кактусите се лесни за одгледување, неа лично ѝ се слаба точка.

– Не ми успеваат – искрена е таа – најверојатно им ставам повеќе вода отколку што треба.

Инаку, Даниела е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....