22.7 C
Скопје
08:35 - 7 јуни, 2026

(ФОТО) ПРЕД ЛЕПА БРЕНА БИЛ ВО БРАК СО ЗОРИЦА: Денес Боба е во одлични односи со бившата, а двете семејствата се дружат и заедно патуваат!

Поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ пред бракот со пејачката Лепа Брена беше во брак со Зорица Десница. Заедно го добија синот Филип, а се разделија неколку години подоцна.

Десница подоцна се омажи за поранешниот кошаркар Иво Накиќ со кој доби син и ќерка и се пресели во САД, а Боба се ожени за најпознатата фолкерка на Балканот и со неа доби два сина.

И покрај раскинувањето, Боб и Зорица останаа во добри односи, а Брена и Зорица се исто така во пријателски односи. Филип се ожениЛ со пејачката Александра Пријовиќ во 2018 година, а снимките од венчавката покажаа дека поранешните партнери можат да им послужат како пример на другите во нивните врски.

Боба тогаш изјави дека отсекогаш сакал ќерка и дека желбата сега му се исполнила додека Брена јавно им честитала на социјалните мрежи. Боба и Брена пред две години беа и на крштевката на синот на Филип, Александар, а семејствата Живојиновиќ и Накиќ често поминуваат време заедно на патувањата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Боба Живојиновиќ во едно интервју изјавил дека бил изгубен пред бракот со Брена.

„Кога почнав, немавме тениски турнири, мораше да патуваш некаде, а потребни беа пари. На 18 години бев аматерски европски шампион. Со моите 19, 20 години малку се изгубив, немав никој кој би можел да ме фати за рака и да ми каже: „Сега ќе одиш овде и ќе го правиш ова“. Мајка ми сакаше да завршам училиште, се водеше по „нема леб од спорт“ па така две години талкав“, изјави Боба во една телевизиска емисија.

На 21 година го добил и својот прв син Филип. „Зорица дозна дека е бремена кога почина татко ми. Моите беа пресреќни, повторуваа „мал Боба, мал Боба“, рече тогаш Боба за поранешната сопруга.

 

 

Слични објави

Јована Јеремиќ објави шокантни фотографии – еве што се случува во нејзиниот дом, сѐ е уништено 

E.A.

(Фото) Марија и Бојан од „Ај кју“ прават свадба на Халкидики, Сара Мејс објави први детали

Еспресо

(Видео) Северина во штикли заигра кошарка – погледнете како се загреваше пред концертот во Макарска

Т.Ц.

„Ниту една филмска љубов не може да се мери со нашата“: Мишел Фајфер му упати нежни зборови на сопругот

Т.Ц.

Уникатен изглед, квалитетна изработка и пристапни цени – одберете си совршени клуб и трпезариски маси од Wood Room

Еспресо

Скриената моќ на 6. 6. 2026: Што ни носи денешниот ден со тројна енергија на бројот шест?

Т.Ц.
Се вчитува....