13.8 C
Скопје
17:25 - 17 октомври, 2026

(Фото) Оваа убавица е новата девојка на Том Брејди: Веќе му го носи презимето на грбот

Не поминаа ни два месеци од разводот на Том Брејди и Жизел Бундхен, а познатиот спортист веќе го поврзуваат со нова девојка.

Станува збор за словачката инфлуенсерка и мисица Вероника Рајек, која е 20 години помлада од Том и често се појавува на натпреварите на НФЛ облечена во дрес со број 12 и презиме Брејди.

– Ја видов легендата и ако некој повторно ме праша дали го сакам Брејди, да, го сакам, а покажете ми некој што не го сака. Дури и неговите мразители го сакаат, рече таа на социјалните мрежи по натпреварот на Брејди со Тампа Беј Баканиерс против Њу Орлеанс Сејнтс.

Странските медиуми веќе брујат за наводната романса меѓу убавата девојка од Словачка и седумкратниот победник на Суперболот, а се огласи и портпаролот на Вероника.

– Рајек исклучително му дава поддршка на Брејди, сака тој да остане фокусиран на играта и работите да одат во вистинска насока. Таа сака Брејди да ја освои осмата титула, – изјави кратко портпаролот

Инаку, Вероника се занимава со манекенство од својата шеснаесетта година, а на Инстаграм има повеќе од 3,3 милиони следбеници.

Годинава го привлече вниманието со изјавата дека поради нејзиното затегнато тело станала жртва на „љубоморни тролови“ кои постојано „ја малтретираат“.

Брејди и топмоделката Жизел Бундхен беа во брак од 2009 година. Двојката има две деца заедно, а Брејди има и син од претходната врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Brady (@tombrady)

.

 

Слични објави

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.
Се вчитува....