05:16 - 7 ноември, 2026

Кејт Мидлтон се чувствува изневерена од принцот Хари, Вилијам воздржан: „Не мислат да ја кажат нивната верзија“

Кејт Мидлтон се вознемирила поради зборовите на принцот Хари во документарниот филм „Хари и Меган“ на Нетфликс, пишува Us Weekly, повикувајќи се на извор.

„Кејт се чувствува повредена и изневерена што Хари и го направи тоа, особено затоа што порано беа толку блиски“, рече изворот.

Реакцијата на принцот Вилијам била повоздржана. Според изворот, тој „не планира да ја раскаже својата страна на приказната или отворено да возврати“.

„Тој го чува своето достоинство и се грижи за својата работа“, додал инсајдерот.

Војводата и војвотката од Сасекс искажаа повеќекратни референци за принцот и принцезата од Велс во документарецот снимен од Лиз Гарбус. Принцот Хари го обвини својот постар брат не само дека го прекршил наводно склучениот „договор“ за необјавување приказни едни за други во печатот, туку и за конфликтот меѓу нив поради заминувањето на војводите во САД.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....