00:57 - 28 ноември, 2026

(Фото) Ова се двајцата браќа на Јелена Карлеуша за кои не зборува: „Небо и земја“, но со исто презиме

Пејачката Јелена Карлеуша иако, би рекле, се обидува да нема тајни, ретко зборува или ги спомнува своите (полу) браќа во јавноста.

Малку е познато дека Јелена има двајца полубраќа од вториот брак на нејзиниот татко Драган. Момчињата се викаат Иван Карлеуша и Никола Карлеуша.

За Иван и Никола дознавме пред неколку години кога Јелена ја прослави својата годишнина со Душко Тошиќ. Браќата се појавија на прославата, а Иван сподели заедничка фотографија на социјалните мрежи.

Покојната Дивна Карлеуша (која беше позната српска новинарка) и Драган (полициски детектив) се развеле кога нивната ќерка била мала, но живееле заедно уште неколку години.
Дивна во неколку наврати свпевремено изјави дека иако таа нема повеќе деца, Јелена има полубраќа.

-Не сакав да ја споделам мојата неверојатна љубов кон Јелена со уште едно дете. Подоцна сфатив дека грешам. Би било добро Јелена да има брат или сестра, некого на кого би можела да му се обрати за помош или да ја сподели радоста. Сепак, таа има полубраќа  – изјави во една прилика за медиумите.

Инаку, помалите двајва полубраќа на Јелена не се експонираат во јавност и многумина забележаа дека се „небо и земја“ со сестра им, односно премногу различни и во карактерот и во изгледот.

(Фото) Ова е сестрата на Сораја: Убавица која не сака „пластика“ и избегнува јавност

 

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....