18:34 - 27 ноември, 2026

(Фото) Огњен Амиџиќ непрепознатлив! Водителот во опуштено издание, еве со кого се дружи додека ја чека приновата

Водителот Огњен Амиџиќ со години важи за едно од најпрепознатливите ТВ лица на регионалната сцена. Преку својата емисија угостил многу познати личности, а неговиот приватен живот често е во центарот на вниманието.

Огњен и неговата сопруга Мина наскоро ја очекуваат својата принова, вест која предизвика многу убави реакции. Во меѓувреме, камерите на „24 седам“ го „уловија“ водителот во целосно опуштено издание за време на ручек во популарен ресторан на Нов Белград.

Амиџиќ уживаше во друштво на пријатели, а камерите го снимиле токму во моментот кога го напушталлокалот.

Беше облечен лежерно, но складно – беж дуксер и капут во иста нијанса, црн ранец, капа и очила, комбинација која му даваше едноставен, секојдневен изглед. Тоа опуштено издание го направи речиси непрепознатлив, сè додека неговата препознатлива брада не го „издаде“. Додека Мина брои ситно до породувањето, водителот го користи времето за дружење.

Да потсетиме, сопругата на Амиџиќ неодамна проговори за бременоста, која на почетокот успешно ја криеше.

„Најмногу ме прашувате за бременоста и зошто не споделувам повеќе. Не споделувам затоа што така подобро се чувствувам, ми одговара да бидам помалку изложена во оваа фаза од животот. Моментално сум во осмиот месец и изгледам како и секоја друга трудница“, порача таа.

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.
Се вчитува....