23:38 - 6 ноември, 2026

(Фото) Нови ранци, насмевки и возбуда: И дел од македонските јавни личности ги испратија своите најмили на училиште

Првиот училишен ден секогаш носи посебна возбуда – нови ранци, насмеани лица, малку трема и големи очекувања. Денеска, 1 септември, за многу деца започна уште една училишна приказна, а за некои од нив овој ден беше особено важен бидејќи за првпат седнаа во училишните клупи. Меѓу родителите кои денеска ги испратија своите најмили на училиште се и некои од нашите познати личности.

Тамара Тодевска сподели фотографија од Хана и Дарен и напиша: „Среќно деца мои убави“. Таа откри и дека нејзината ќерка заедно со неколку другарчиња напишале песна и ја отпеале пред првачињата од нивното училиште.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

 

И за малиот Марко, синот на Влатко Лозаноски – Лозано, ова е прв ден на нов почеток, но не во училиште, туку во градинка. Лозано им посака на сите деца и првачиња среќен почеток.

Тој сподели фотографија од малиот Марко и откри дека започнува со градинка.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Никола Перевски – Пере од „Нокаут“ денеска имаше голем повод за славење. Неговата трета ќерка, Софиа, е прваче. Тој објави неколку фотографии од нејзиниот прв училиштен ден во приватно француско училиште.

– Среќен почеток, наша Софиа. Денес ја пишуваш првата страница од една прекрасна приказна – напиша тој покрај фотографиите.

Фото: Принтскрин / Инстаграм
Фото: Принтскрин / Инстаграм

Модната дизајнерка Маја Кикириткова, исто така, сподели неколку семејни фотографии и го прослави првиот училиштен ден на нејзиниот син Лазар и ќерката Ева која оваа година е прваче.

– И второто дете ни порасна. Порасна со брзината на светлината, дојде денот и во училиште да тргнеш. Ново поглавје во твојот, а и нашиот живот. Те сакаме прваче наше – напиша таа покрај фотографиите.

Фото: Принтскрин / Инстаграм
Фото: Принтскрин / Инстаграм

Фотографии од своите синови споделија и пејачката и водителка Јана Бурческа (Дарин) и актерката Маја Андоновска Илијевски (Никола).

Фото: Принтскрин / Инстаграм

 

Фото: Принтскрин / Инстаграм

И Војдан, синот на Дамјан Стојановски е прваче.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....