17:14 - 6 ноември, 2026

(Фото) Сека Алексиќ го запиша синот во државно училиште: На приемот за првачињата се расплака!

Помладиот син на Сека Алексиќ денеска го започна своето основно образование, а познатата пејачка не успеа да ги сокрие емоциите.

Јован тргна во прво одделение во државно основно училиште во Стара Пазова, каде што семејството и живее. Сека на свечениот прием на првачињата пристигна заедно со сопругот Велко Пиликиќ, а двајцата со голема гордост го проследија првиот училишен ден на својот најмлад син.

За Сека овој ден бил особено емотивен. Пејачката не ја криела гордоста и возбудувањето, па во еден момент на својата објава додала и емотикони со солзи.

Таа споделила и емотивна семејна фотографија на која позира со сопругот Велко и синот Јован во основното училиште.

„Мамин првач“, напишала Сека покрај фотографијата.

Пејачката го забележала и моментот кога Јован седнал во училишната клупа, со што симболично го започнал новото поглавје од своето детство.

Инаку, Сека и Велко имаат два сина. Нивниот постар син Јаков има десет години, додека Јован во училиште тргна на возраст од шест и пол години.

За семејството ова е уште еден важен момент, а Сека со своите објави покажа колку ѝ значи почетокот на образованието на нејзиниот помлад син.

 

Слични објави

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо
Се вчитува....