19:15 - 6 ноември, 2026

(Фото) Ова е Хрватката која е во љубов со Игор Којиќ: Била на избор за мис, па влегла во политика…

Срцето на Игор Којиќ (38), поранешниот сопруг на Северина и син на пејачот Драган Којиќ Кеба,  го освоила Николина Шапоња (27) од Риека.

Којиќ минатата година се разведе и од Софија Дачиќ, а во последните месеци ужива со Николина. Во февруари беа видени во еден ресторан, каде што се држеле за раце и цело време биле насмеани.

Романтичната атмосфера дополнително ја нагласила песната на Петар Грашо „Јел’ ти река ко’“, која Николина ја објавила покрај нивната заедничка фотографија на Инстаграм.

Сега таткото на Игор, српскиот фолк пејач Драган Којиќ Кеба, го коментирал љубовниот статус на својот син.

„Тој има свој фокус. Тој е заљубен и е во среќна и убава врска. Нема ништо однапред да зборувам. Само нека се прават свадби“, рекол Кеба, пренесува „Телеграф.рс“.

Николина и Игор веќе се појавија јавно заедно минатата година. Минатиот октомври, тие беа видени во ВИП ложата на концертот на Кеба.

Николина Шапоња не е сосема непозната за јавноста. Оваа адвокатка од Риека првпат се најде во центарот на вниманието во 2019 година, кога стана прва придружничка на натпреварот за Мис Приморје-Горски Котар. Сепак, се чини дека брзо ѝ здодеала модната писта, па одлучила високите потпетици да ги замени со политика.

Набрзо станала портпаролка на Форумот на млади на СДП и членка на Советот на млади на Градот Риека.

 

 

Слични објави

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.
Се вчитува....