34.8 C
Скопје
16:51 - 2 септември, 2026

Во мозокот ѝ бил вграден стент, а сопругот ја изневерил! Српската водителка дознала за аферата во најтешкиот период од животот

Српската водителка Снежана Дакиќ денес плени со својот изглед и позитивна енергија, но зад нејзината насмевка се крие животна приказна исполнета со големи искушенија.

Пред 12 години, таа се соочила со сериозен здравствен проблем поради кој морала да се подложи на комплицирана интервенција на мозокот, а токму во периодот кога ѝ била најпотребна поддршка, доживеала и болен емотивен удар.

Кога дознала дека животот ѝ е во опасност, Снежана не сакала да чека. Во Србија во тоа време немало можност да се изврши интервенцијата што ѝ била потребна, ниту пак, имало соодветни стентови, па затоа самата тргнала во потрага по решение.

Таа истражувала каде се наоѓа локацијата на клиниката специјализирана за ендоваскуларна хирургија, сама избрала лекар, ја превела целосната медицинска документација и контактирала лекар во Есен. Набрзо добила одговор, а операцијата била закажана за Божиќ.

Така, на Бадник, пред 12 години, таа се нашла во болничка соба во Германија, сама и исплашена, чекајќи го зафатот што би можел да ѝ го промени животот.

– Бев исплашена. Секако! Стравував за тој момент веќе три месеци, бидејќи исходот од мојата компликација беше непредвидлив… Бев многу осамена таа ноќ – се присетила Снежана.

Во тие тешки моменти, болничкиот персонал ѝ испратил духовна жена која го зборувала нејзиниот јазик, со цел да ѝ даде поддршка и утеха. Благодарение на модерната медицина, операцијата била успешна, но по враќањето во секојдневниот живот, таа се соочила со нов удар.

Додека закрепнувала од сериозната медицинска интервенција, Снежана дознала дека нејзиниот тогашен сопруг, Владимир, ја изневерува. Сè дополнително се искомплицирало кога информациите за неговата измама стигнале до медиумите.

Наместо целосно да се посвети на закрепнувањето, водителката морала да се справува и со огромен емоционален притисок, како и со јавниот интерес за нејзиниот приватен живот.

– Тоа беше моментот кога бев најслаба во животот и многу тешко го поминав тоа. Овој недостаток на поддршка, емоционална и психолошка, притоа и медиумски беше толку проследено што беше тортура. Во моменти кога тоа веќе не ти ниту важно, водиш кризен ПР – раскажала Снежана.

Како што своевремено беше откриено, нејзиниот брак се распаднал поради секретарката на Владимир, која беше 21 година помлада од него. Снежана признала дека ѝ било особено тешко што нејзината приватна болка станала јавна тема во период кога била исклучително ранлива..

Години подоцна, Снежана на овој период гледа од сосема поинаква перспектива. По сè низ што поминала, денес отворено зборува за односите меѓу луѓето, границите и потребата секој да преземе одговорност за своите постапки.

– Сè подобро се решава кога секоја страна го презема својот дел од одговорноста. Комплицирано е кога некој сака да доминира по секоја цена или да манипулира. Јас лично мислам дека желбата да се доминира во односот и манипулативноста се клучните концепти на токсичните односи. И контрола! А потоа можете да изберете што ќе правите со тоа. Да останете или да си заминете – порачала Снежана.

 

 

Слични објави

(Фото) „Станав родител“: Сергеј Трифуновиќ денес слави роденден, откри што му подари Исидора

Еспресо

Рада Манојловиќ проговори за тешкото детство на Милан Станковиќ

E.A.

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ издвоија 50.000 евра за славење на полнолетството на ќерката – еве кој е поканет од познатите

Еспресо

„Се изненадив пријатно“: Блага Петреска се потсети на младоста со фотографија од 1965 година

Еспресо

Каролина Гочева го донесе холивудскиот гламур во Скопје: Блесна во бела креација покрај Хосе Карерас

Еспресо

По долги години Јелена Карлеуша и Гога секулиќ повторно се пријателки

E.A.
Се вчитува....