Сосема нов имиџ има Нела Павловска, ќерката на Тања Кочовска и на Предраг Павловски, која е актерка исто како родителите.
Тања објави слика од неа и до неа напиша: Надежда, а на сликата се гледа дека убавата Нела сосема сменила имиџ, од долгата коса, таа има сосема кратка модерна фризура која одлично ѝ стои.
Во една прилика, за своите две деца Нела и Александра, Тања рече дека тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен.

„Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат. Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“, рече Тања Кочовска.
Во мај во 2022 година, Тања стана баба, нејзиниот син Александар и снаата Моника го добија синот Јоаким
