09:20 - 6 февруари, 2026

(Фото) „Нашиот премиер е покул од вашиот“, Сана Марин предизвика полемики со сензационалниот моден рок избор

Кратки тексас шорцеви, моторџискa јакнa и кожени војнички чизми, вака е облечена финската премиерка Сана Марин на фотографијата која го обиколи интернетот, делејќи го јавното мислење меѓу оние на кои им се допаѓа овој моден изглед на премиерката и на оние кои не им се допаѓа.

Марин беше на фестивалот Руисрок кога беше фотографирана; Основан во 1970 година, рок фестивалот се одржува секоја година на островот Руисало во Турку и може да се пофали дека е вториот најстар рок фестивал во Европа.

Сана Марин, од изборите, отсекогаш се покажала како неконвенционална политичарка. Во декември, 2019, кога беше избрана за „шефица“ на социјалдемократската влада на Финска во беше истовремено и најмлада премиерка до сега.

Силните страни на нејзината политика се: социјалната еднаквост, благосостојбата, еколошките прашања и на крајот прашањата за младите.

(Фото) Дамата во црвено од Финска ја занеме Владата на Ковачевски; што значи црвената боја за Сана Марин која често ја носи

И покрај тоа што не е класична политичарка, барем кога е во прашање модниот стил, оваа промена на изгледот сепак ги шокираше сите: всушност, премиерката отсекогаш сакал да носи „слатка“ облека -црвени фустанчиња, кошули и фустани во пастелни бои или елегантни костуми, но секако не со агресивен рок изглед.

„Нашиот премиер е покул од вашиот“, со фински знамиња кои гордо се веат на Твитер, многумина го поддржаа модниот избор на премиерката. Но сепак, има и такви кои постираат иронични забалешки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)

Слични објави

„Со него сум 19 години, имаме две деца“: Скандалозна исповед на жена која тврди дека е во брак со партнерот на Милица Тодоровиќ

Еспресо

Хороскоп за 6 февруари: Вагите ја враќаат рамнотежата, Лавовите добиваат заслужено признание

Еспресо

Марија Микиќ официјално се разведе: Пејачката ги потпиша документите, крај на приказната!

Еспресо

Ела Дворник повторно живее со поранешниот сопруг: „Вистински пекол на земјата!“

Еспресо

Познат пејач ја изневерува својата сопругата со маж: Водителот на Пинк откри шокантни детали

E.A.

(Фото) „Имав рак по рак, потпишав…“: Ќерката на легендарниот пејач ги откри деталите од мачната борба

Еспресо
Се вчитува....