13:08 - 13 ноември, 2026

Руски проектили во Доњецк, 15 мртви и 23 луѓе под урнатините

Во Доњецк Русите се обидуваат да го пресечат автопатот што води кон Харков. Министерот за одбрана на Украина вели дека еден милион војници се подготвени да ги вратат окупираните области на југ. 

Бројот на потврдени смртни случаи се искачи на 15 откако 5-катна станбена зграда беше погодена од руски ракетни фрлачи „Ураган“ во Часив Јар, во источниот украински регион од Доњецк. Ова го објави украинската новинска агенција УНИАН. Спасувачите се во потрага во урнатините по бројни исчезнати, вклучително и 9-годишно дете, изјави претседателот на регионалната воена администрација Павел Кириленко.

Кириленко рече дека градот со околу 12.000 жители бил погоден со ракети „Ураган“. Часив Јар се наоѓа на околу 20 километри југоисточно од Краматорск, град кој треба да биде главна цел на руските сили додека се движат кон запад.

Споед Киев Индипендент, цитирајќи извори од Украинската национална служба за итни случаи, руска ракета денес погодила и шесткатна станбена зграда во Харков. Истиот извор, пишува и дека активистот за човекови права Максим Буткевич, ко-основач на радиото Хромадске, бил заробен од руските сили во областа Луганск, а веста ја потврди и истото радио и роднините на Буткевич.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....