10.8 C
Скопје
21:12 - 10 април, 2026

(ФОТО) МОДНА ПОЛИЦИЈА: Тамара како вистинска холивудска „шик“ дива

тамара тодевскa

Тамара Тодевска, отсекогаш единствена. Иако за време на пандемијата немавме прилика често да ја гледаме во јавноста, нашата позната пејачка се враќа посилна од било кога.

За среќа на своите бројни обожаватели кои неуморно ја очекуваат секоја следна објава на нашата Тамара, таа никогаш не разочарува. Знае да сподели дел од своето секојдневие, семејството, професионални ангажмани и слично.

Вчера на својот инстаграм-профил пејачката сподели две фотографии на кои слободно можеме да кажеме дека стои рамо до рамо со светските ѕвезди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Во комбинација во која доминираат златните елементи, Тамара сјае во едно поинакво и посмело светло.

Облечена во црни паталони со златна линија и минијатурно ременче со знакот на „Шанел“, секси чипкан корсет и сако кое го финишира целиот изглед. Целата комбинација секако, ја надополнуваат бројните златни нараквици, големи обетки и црвени нокти.

Со изборот на минимална фризура и впечатлива шминка совршено го заокружува овој шик изглед. Но, дали можеби недостасува црвен кармин?

Слични објави

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin
Се вчитува....