16:42 - 29 ноември, 2026

(Фото) Мадона не личи на себе: Што се случи со лицето на пејачката? Трансформирано до непрепознатливост!

Мадона беше една од презентерките на овогодинешното доделување на Греми наградите во Лос Анџелес, каде сè остана во сенка на нејзиното трансформирано лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel Garnier (@danielgarnier11)

Легендарната пејачка Мадона се појави на овогодинешното доделување на Греми наградите и покажа неверојатно мазно и затегнато лице, што ја направи во центарот на вниманието бидејќи речиси веќе не личи на себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel Garnier (@danielgarnier11)

64-годишната поп-кралица ги изненади сите со својот изглед кога се појави на сцената за да ги претстави Сем Смит и Ким Петрас додека се подготвуваа да го отпеат новиот хит „Unholy“, кој освои Греми за најдобра поп-дуо/групна изведба.

Воедно, таа испрати и порака наменета за сите таканаречени бунтовници и изјави дека нивната бестрашност не останува незабележана, но сето тоа остана во сенка на нејзиното непрепознатливо лице, а коментарите брзо се проширија на социјалните мрежи.

– Еве што научив по четири децении музика. Ако ве нарекуваат шокантни, скандалозно проблематични, провокативни или опасни, сигурно сте на добар пат. Овде сум да им се заблагодарам на сите бунтовници кои коваат нов пат. Мора да знаете, сите вие ​​што предизвикувате проблеми мора да знаете дека вашата бестрашност не останува незабележана. Вие сте видени, ве слушаат, и најмногу од се – ве ценат, изјави Мадона.

Слични објави

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.
Се вчитува....