19.8 C
Скопје
16:42 - 26 април, 2024

(Фото) Крушево низ објективот на Ана Петроска: Зимска идила на 1.220 метри надморска височина

Прегратката на Бушевата Планина му дава чудесна благост и спокојство на единствениот планински град во Македонија и највисокиот град на Балканот. А кога сте веќе тука, дегустирајте ја крушевската пита, специјалитетот Крушевска сабја, топеното сирење и крушевското грне и секако, потпевнете некоја песна од Тоше Проески.

Processed with VSCO with hb1 preset

Младата фотографка Ана Петроска од Скопје, патува низ Македонија и волшебно ги доловува природните убавини на градовите и селата во сите годишни времиња, но сепак, посебна страст ѝ се пејсажите од Струга и од Крушево. Токму со Струга се поврзани почетоците на нејзината фотографска приказна. Се фатила за фотоапаратот со цел да промовира угостителски објект со кој менаџира нејзиното семејство, и оттогаш не престанала да ги овековечува природните убавини на Македонија. Средбата преку фотографската леќа со Крушево се случила поодамна, и била љубов на прв поглед. Вели дека од фотографска перспектива, Крушево можете да го фотографирате во макро и микро план, можете да правите пејзажи, да фотографирате портрети, да зграпчувате детали. Градот е вистински предизвик, па затоа Ана и годинава се врати во Крушево и оттаму ни ја носи идиличната атмосфера.

– Крушево под бела покривка е навистина поинакво, делува магично, а пејзажите кои ги зграпчувам се навистина најубавите. Очигледно е дека и туристите уживаат во Крушево. Додека ги правам фотографиите забележувам многу од посетителите кои се упатуваат кон ски-центарот, влегуваат во рестораните со традиционална храна или едноставно шетаат и уживаат во зимските пејзажи, вели Ана.

Крушево е посетено во секој дел од годината, ни раскажува фотографката. Беше посетено и пред да заврне првиот снег.

– Тоа е заради големиот број на содржини, но градот е најпривлечен во овој дел од годината кога е под снег. Споменикот Илинден, спомен куќата на Тоше Проески, ски центарот и самиот центар на градот се најпосетените места. Многу луѓе може да се забележат по поголемите улици во градот во правец кон местото Гумење, каде што се наоѓаат поголемиот број на музеи, Крушевско Езеро и кон хотелите – ни објаснува и додава:

– Покрај бројните содржини, многу луѓе доаѓаат во Крушево заради чистиот воздух, заради снежната магија или само за да се одморат и да уживаат во крушевските кулинарски специјалитети.
Во крушевските ресторани, пицерии и хотели можете да пробате домашно подготвен ајвар, уникатно подготвено топено сирење или крушевско грне, но тоа што Ана го издвојува е специјалитетот Крушевска сабја, како и ненадминливата крушевската пита.

Ја прашуваме каде да се преноќи во градот и како се движат цените на сместување.

– Сместувачкиот капацитет се проширува во Крушево постојано. Денес Крушево има хотели, многу нови и проширени вили и места кои нудат најразлично ниво на удобности. Цената по лице се движи од 600 до 700 денари, па нагоре, но голем дел од приватното сместување нудат цели апартмани по поволни цени и дел од нив се со вклучен појадок и други оброци, заедно со попусти во локалните ресторани – ни одговара Ана.

И додека, можеби, веќе сонувате за ова идилично парче наша земја, ви носиме дел од крушевската атмосфера денес, преграната од снежната белина.

Фотографија: Ана Петроска (justaphoto.ap)

Слични објави

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Еспресо

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо
Се вчитува....