3.8 C
Скопје
22:15 - 20 декември, 2024

(Фото) Која е Ванда Нара? Сексапилната убавица која скара два другари фудбалери, мајка на пет деца и идна менаџерка на ѕвездата Икарди

Ако помислиме на Ванда Нара, помислуваме на љубовниот триаголник со Макси Лопез и Мауро Икарди, но и на нејзините 5 деца и на повеќе провокативни фотографии на социјалните мрежи. Но, има многу повеќе …

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

Сè започна во соблекувална. Поточно, помеѓу двајца соиграчи. Во 2013 година, Ванда беше во брак со Макси Лопез, аргентински фудбалер од Сампдорија, клуб во кој тогаш играше и Икарди.

Тоа беше љубовен триаголник кој „заглави“ во судот со месеци бидејќи сè им беше „на тацна“ на медиумите, а се пишуваше многу и на социјалните мрежи. Ванда Нара сакаше да разјасни дека нејзината врска со Макси Лопез е веќе завршена кога таа беше веќе во романтична врска со Мауро Икарди:

„Со Мауро тоа беше целосна љубов на прв поглед. Веднаш се уверив дека е сериозно. Многу му верував на Мауро, инаку немаше да го запознаам со моите деца. Веќе завршив со Макси Лопез пред да го запознаам. Времето лечи се“, објаснуваше тогаш Ванда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

„Го освоив со тестенини“

31-годишната Аргентинка раскажува како го освоила Мауро: „Со бели тестенини! Го запознав преку Макси кога имаше 18 години. По разводот, се вратив да живеам во Аргентина и веќе ги запишав децата на училиште. Морав да се вратам во Милано поради бирократски проблеми и тој ми понуди да ми ја позајми колата, оставајќи ми ги клучевите од колата и од куќата кај неговиот консиерж. Ми кажа дали сакам да ручам со него, но фрижидерот беше празен. Типично за сингл 20-годишник кој секогаш јаде надвор. Направив паста со путер и малку пармезан, кашкавалот беше многу стврднат…“.

По брзиот развод со Макси Лопез, во 2014 година манекенката се омажи за Икарди, со кој има пдве ќерки: Франческа и Изабела. Во меѓувреме, кога ќе истече договорот со неговиот агент, Икарди бара од неа да стане негов менаџер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

По бурата, спокојство

Минатата година во октомври се случи вистинска трач интрига која го зеде целото медиумското внимание на Аргентина, Франција и Италија. Ванда и Мауро се разделија по откритијата за наводно неверство на фудбалерот со аргентинска пејачка. Имено, додека Ванда Нара беше во Милано на работа, на Модната недела, аргентинскиот фудбалер наводно поминал една ноќ во друштво на Еугенија Суарез, по долго додворување. Сопругата и агентот на играчот дознаа за аферата и оттаму започна кризата меѓу двајцата која го доведе во сериозен ризик нивниот брак. Набргу потоа, Ванда му простила на сопругот за „бегството“, и изјави: „Сега можам слепо да му верувам на Мауро, би можела да го оставам меѓу илјада жени“.

Која е Ванда?

Русокоса, Аргентинка, со бујни облини, провокативна и убава: Ванда Нара, родена на 10 декември 1986 година не е само модел, танчерка и шоу-девојка (иако во Аргентина е најпозната по тоа), таа е и спортски адвокат и мајка. И најдобро од сè: таа е способна да го реализира сето ова во исто време!

Конкретно, Ванда Нара раководи со финансиските работи на нејзиниот сопруг, Мауро Икарди, напаѓачот на Пари Сен Жермен, роден 1993 година, исто така од Аргентина.

Од 2008 до 2013 година, Ванда Нара беше во брак со фудбалерот Макси Лопез, со кој има три деца: Валентино, Бенедикто и Константино. Разводот меѓу двајцата се случи по бројните обвинувања за наводно неверство.

Речиси истовремено со разводот од Лопез, Ванда Нара влезе во романтична врска со Мауро Икарди, во тоа време голем пријател на Лопез и негов поранешен соиграч, што предизвика огромна сензација.

И покрај многуте шпекулации за тоа што се случило, Ванда отсекогаш негирала дека го изневерувала својот поранешен сопруг: „Никогаш не го изневерував мојот поранешен сопруг Макси Лопез. Се колнам во моите деца. Всушност, се борев до крај да го спасам нашиот брак “, велеше таа. Таа зборуваше дека Лопез ја изневрувал дури и со нивната домашна помошничка, додека таа била во другата соба со децата.

Врската секако им беше бурна, полна со настани. Само помислете дека Ванда во 2018 година замалку избегна 4 месеци затвор поради тужба од Макси. Причината? Го постирала неговиот телефонски број на интернет!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

8 занимливости за Ванда

Пред да се грижи за економските работи на нејзиниот сопруг Мауро Икарди, Ванда Нара беше добро позната во Аргентина, особено по тоа што учествуваше во бројни шоуа за таленти и по нејзините воодушевувачки настапи со балет (често споделувани преку нејзините социјални мрежи). И денес на интернет наоѓаме многу кадри од нејзиното минато како шоу-девојка.

Ванда завршила физика, па така таа е дипломирана физичарка, а ангажирана е најмногу како модел.

Напишала книга за деца со наслов „Шампион на терен и во животот“, посветена на нејзиниот сопруг.

На Инстаграм најчесто споделува фотографии со сопругот и децата, нивните игри и моменти поминати заедно. Честопати нејзините објави се дискутираат поради нагласување на сензуалноста на нејзиното тело и често е „храна“ за критики на фановите на социјалните мрежи.

А дека е згода, хм…„авион, уверете се сами.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....