16.8 C
Скопје
14:44 - 10 мај, 2024

(Фото) Кој е новиот партнер на Јована Јеремиќ: Пред две години изгубил милиони, има фабрика со 700 вработени

Јована Јеремиќ е во центарот на вниманието поради новиот партнер.

Јована Јеремиќ вчера за прв пат го откри идентитетот на своето 14-години постаро од неа момче Драган Станковиќ, бизнисмен за кој почна да се шушка по нејзината објава на Инстаграм.

Избраникот на Јована е сопственик на пекара во Белград, кој пред две години доживеал милионска штета, кога неговата зграда во Грочка од 1000 квадратни метри во текот на ноќта се запалила поради котларата.

Тој се огласил за медиумите по пожарот во фабриката во која тогаш имало дури 700 вработени.

„Пожарот започна од котларата, па се прошири на документацијата и повеќе не можеле да се борат со огнените јазици, односно немало излез да го изгаснат и решат. Пожарникарите пристигнале во рекордно време, а во оваа прилика би сакал да ги пофалам нашите херои кои работат напорно. Кога човек ќе доживее вакво нешто, дури тогаш гледа. Значи, секоја им чест за се“, изјавил Станковиќ пред две години за „Нова“.

„Вработени се околу 700 луѓе, веќе од утре треба да продолжиме со производството, за да продолжи процесот. Според мојата прва проценка, материјалната штета е меѓу два ипол и три милиони евра. Не сум сигурен дали сме осигурени. Морам да проверам кај финансискиот директор“, изјавил Драган.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Инаку, Драган важи за еден од најуспешните бизнисмени во Србија. Тој е сопственик и директор на Пекарска индустрија Ас-Браќа Станковиќ. Станува збор за семејна фирма која ја основал, во 2002 година, со првата сопруга, а исата фима денес брои над 700 вработени.

На 10 декември Драган го ожени синот, а на свадбата била и Јована. Интересно е што пред сите двајцата разменувале нежност, а според многумина Драган не бил никогаш толку вљубен.

Драган од неодамна е и дедо, а истиот ден кога била свадбата на синот, направиле и крштевка за внуката Милица.

(Фото) Јована Јеремиќ објави страсни слики со дечкото: Најголемата љубов во мојот живот

Слични објави

Сопругот на Драгана Мирковиќ скршен поради смрт на пријател: „Фала ти за сè што направи за мене“

Еспресо

Сека Алексиќ откри каков ѝ е односот со свекрвата: „Тешко ми е да замислам како би било…“

Еспресо

(Видео) Шок на прес-конференцијата на Евровизија! Претставничката на Израел доби непријатно прашање, еве како одговори 

Еспресо

Може слободно да дише: Шпанскиот суд ја отфрли втората тужба против Шакира поради затајување данок

Еспресо

Астропрогноза за петок, 10 мај: Водолијата ќе се вљуби во Лав, Биковите се во хармонија со партнерот

Еспресо

(Фото) Прекината телевизиската програма во пресрет на Евровизија: На екраните се појави порака

еспресо
Се вчитува....