10.8 C
Скопје
17:27 - 30 март, 2026

(Фото) Кој е мажот со кој Шарлиз Терон беше „уловена“ на романтична прошетка: Ќе се изненадите од неговата професија

Во последните денови Шарлиз Терон не ја крие среќата. Покрај работата на светската промоција на претпоследниот филм од хит франшизата „Брзи и бесни“, 47-годишната холивудска убавица е среќна и на приватен план.

Папараците ја снимиле на романтична прошетка во Лос Анџелес, поточно во населбата Лос Фелиз, каде отишла на вечера со атрактивен маж.

Станува збор за манекенот Алекс Димитријевиќ, кого цврсто го држеше за рака и разговараше со него.

twitter

Како што може да се види на фотографиите кои ги објави Дејли Мејл, Шарлиз Терон беше облечена лежерно во бордо џемперче и широки панталони во комбинација со кафени сандали, а моднит изглед го заокружи со црна чанта на Диор и предимензионирани црни очила за сонце. До неа се движеше Димитријевиќ во жолта кошула со тигрест принт, во комбинација со фармерки.

Како што може да се види на страниците на модната агенција Некст Моделс, Алекс Димитријевиќ е нивен модел кој досега снимал кампањи за Malbon Golf, AG Green Label, The Elder Statesman и Combo Boxing, а во 2017 година снимал и за GAP.

твитер

Пред Димитријевиќ, Терон беше во врска со Шон Пен, Крег Бирк, Стивен Џенкинсон, Стјуарт Таунсенд и Габриел Обри.

Познатата актерка е мајка на две ќерки, 11-годишната Џексон и седумгодишната Аугуст.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin
Се вчитува....